Мојот советник

Македонски (Macedonian)Albanian-ALTurkish (Turkiye)
Осломеј

За општина Осломеј, Советот и членовите на Советот

Општина Осломеј е единица на локалната самоуправа во која граѓаните го остваруваат своето уставно загарантирано право на локална самоуправа. Нејзините надлежности произлегуваат од Уставот на Република Македонија, Законот за локална самоуправа, како и од други закони.

Територијата на општина Осломеј ги опфаќа следниве населени места: Арангел, Бериково, Гарани, Жубрино, Јагол, Јагол Доленци, Ново Село, Осломеј, Папрадиште, Поповјани, Премка, Србица, Стрелци, Туин, Црвивци и Шутово.

Според податоците од Министерството за Локална самоуправа, општина Осломеј има 10.420 жители, од кои најголем дел 98,93% се Албанци, 1,06% Македонци. Општина Осломеј покрива површина од 121,09 км2.

Седиштето на општината Осломеј е во Осломеј.

Празник на општината е 17 декември - Ден на основањето на Тетовскиот државен универзитет.

Статутот на општина Осломеј ги одредува: организацијата и работењето на органите на општината, организацијата и работењето на комисиите на советот, вршењето на работите согласно начелото на супсидијарност, начинот на информирање на граѓаните и слободен пристап до информациите од јавен карактер, случаите на исклучување на јавноста од седниците на советот, начинот и постапката за доставување претставки и предлози за работата на органите на општината и постапување по нив, начинот на организирање јавни трибини, спроведување анкети и прибирање предлози од граѓаните, начинот на објавување на прописите на Советот, месната самоуправа (урбана заедница), начинот на извршување на обврските од областа на одбраната во воена состојба, начинот и постапката за утврдување на грбот и знамето на Општината како и други прашања од значење за Општината.

Со општината раководи градоначалникот Фатмир Дехари, кој со тајно гласање, на непосредни и слободни локални избори, одржани на 22 март 2009 година, по прв пат е избран на оваа функција. Неговиот мандат е 4 години.

Советот на општината е претставнички орган на граѓаните кој го сочинуваат 15 членови со мандат од 4 години. Од своите редови, членовите го избраа Газменд Балажи за претседател на Советот на општина Осломеј.