Мојот советник

Македонски (Macedonian)Albanian-ALTurkish (Turkiye)

Извештајот за работата на 85-те Единици на локалната самоуправа е подготвен во рамките на проектот „Стандарди за одржливост на одговорноста, транспарентноста и кооперативноста на локалната самоуправа”, чија цел е да придонесе кон зголемена транспарентност, отчетност и добро владеење на локалната самоуправа и подигнување на свеста на граѓаните за работата на советите на Единиците на Локалната Самоуправа (ЕЛС).

Во него се содржани резултатите од набљудувањето на достапноста на усвоените записници од седниците на советите на ЕЛС до граѓаните, кои се одржани во периодот декември 2010 – декември 2011. Исто така, извештајот содржи податоци од анализата за успешноста во употребата на стандардите за водење на записници од седниците на советите на ЕЛС. Во анализата се обработени податоците од  седниците кои се доставени до МОСТ заклучно со 31 март 2012.

Извештај од набљудувањето и анализата на работата на советите на Единиците на локалната самоуправа