Мојот советник

Македонски (Macedonian)Albanian-ALTurkish (Turkiye)
Прирачник за застапување

“Никогаш не се сомневај дека мала група на внимателно посветени луѓе може да го промени светот. Всушност, тоа е единственото нешто што може” – Margaret Mead

 

Овој Прирачник за застапување е наменет за граѓански организации, неформални групи и иницијативи, но и граѓани, кои имаат намера да остварат одредени права или интереси, сопствени или на заедницата, а не се сигурни како да го спроведат целиот процес. Тој има за цел да помогне во дизајнирање и спроведување на систематски кампањи за застапување.

 

Токму затоа во него можат да се најдат дефиниции за тоа што се подразбира под терминот застапување, но дадени се и насоки како да се разграничат акциите кои преставуваат застапување, од оние кои тоа не се.

Понатаму детално се опишани чекорите на застапување, дополнети со примери, кои имаат за цел да им помогнат на читателите подобро да ја разберат и полесно да можат да ја аплицираат оваа теорија.

Во Прирачникот посебен дел е посветен на процесите на креирање политики и донесување одлуки, со осврт на носењето на законите во Република Македонија. На крај, со намера да се поттикнат граѓаните и граѓанските организации да се приклучат кон користењето на новите технологии за застапување на своите каузи, загатната е темата на застапување преку социјални медиуми, односно како што популарно се нарекува застапување 2.0.

Тимот на Центарот за застапување верува дека граѓанските организации и граѓаните се единствените вистински познавачи на општествените состојби и дека тие се клучниот фактор којшто треба да учествува во донесувањето одлуки и креирањето политики. Најдобрите резултати се остваруваат со помош на учење преку создавање на нови заеднички искуства и размена на добри практики, со вреднување на креативноста и поддржување на соработката, со инвестирање во граѓаните и во нивните вештини, знаење и сила.

Центарот за застапување ве очекува заедно да застапуваме промени!


Прирачник за застапување 2011