Мојот советник

Македонски (Macedonian)Albanian-ALTurkish (Turkiye)
Гостивар

За општина Гостивар, Советот и членовите на Советот

Општина Гостивар е единица на локалната самоуправа во која граѓаните го остваруваат своето уставно загарантирано право на локална самоуправа. Нејзините надлежности произлегуваат од Уставот на Република Македонија, Законот за локална самоуправа, како и од други закони.

Територијата на општина Гостивар ги опфаќа градот Гостивар и селата: Балин Дол, Беловиште, Бродец, Вруток, Горна Бањица, Горно Јеловце, Горна Гоновица, Дебреше, Долна Бањица, Долно Јеловце, Долна Ѓоновица, Железна Река, Здуње, Корито, Куново, Лакавица, Лешница, Мало Турчане, Мердита, Митрој Крсти, Падалиште, Печково, Симница, Србиново, Сушица, Страјане, Равен, Речане, Трново, Тумчевиште, Кафа, Форино, Чајле и Чегране.

Седиштето на општина е во градот Гостивар.

Празник на Општината е 23 декември – денот на конституирањњето на првиот плуралистички совет на Општина Гостивар.

Статутот на општина Гостивар ги одредува: организацијата и работењето на органите на општината, организацијата и работењето на комисиите на советот, вршењето на работите согасно начелото на супсидијарност, начинот на информирање на граѓаните и слободен пристап до информациите од јавен карактер, случаите на исклучување на јавноста од седниците на советот, начинот и постапката за доставување претставки и предлози за работата на органите на општината и постапување по нив, начинот на организирање јавни трибини, спроведување анкети и прибирање предлози од граѓаните, начинот на објавување на прописите на советот, месната самоуправа (урбана заедница), начинот на извршување на обврските од областа на одбраната во воена состојба, начинот и постапката за утврдување на грбот и знамето на Општината како и други прашања од значење за Општината.

Со општината раководи градоначалникот Руфи Османи, кој со тајно гласање, на непосредни и слободни локални избори, одржани на 22 март 2009 година, по втор пат е избран на оваа функција. Неговиот мандат е 4 години.