Мојот советник

Македонски (Macedonian)Albanian-ALTurkish (Turkiye)
Градоначалник Зоран Алексов PDF Печати Е-пошта
gradonacalnik zoran aleksov

д-р Зоран Алексов е роден на 26. 07. 1964 година во Штип.
Оженет, татко на две деца.

Своето образование го стекнува на следниве образовни институции:

Југозападен Универзитет “Неофит Рилски”, Благоевград, Природно-математички факултет, Катедра Информатика, одбранета дисертација на 20.01.2005г. во Софија, област - методика на наставата по информатика, стекната титула - доктор на информатички науки.

Maastricht School of Management, Мастрихт, Холандија во соработка со Институтот за Социолошки и политичко - правни истражувања, одбранета магистерска теза од областа на менаџерски информациски системи, стекната титула - магистер за деловен менаџмент.

Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Скопје, Електро - технички факултет, насока информатика и автоматика

 

Професионалното искуство го стекнува во следниве институции:

  • 1988 - 1996 Гимназија “Славчо Стојменски”- Штип, професор по информатика
  • 1996 - 2004 Педагошки факултет “Гоце Делчев” - Штип, асистент по предметот Основи на информатиката
  • 2004 - Септември 2006 Еуроколеџ - Куманово, професор по информатика, Менаџерски информациони системи и Квантитативни техники во бизнис
  • Октомври 2006 - Централен Регистар на РМ
  • Септември 2007 - Избран за доцент по група предмети од областа на компјутерските науки на Универзитетот Американ Колеџ - Скопје