Мојот советник

Македонски (Macedonian)Albanian-ALTurkish (Turkiye)
Градоначалник Арсенчо Алексовски PDF Печати Е-пошта

GradonacalnikArsencoAleksovski

 

Арсенчо Алексовски е роден на 12.01.1961 година во Неготино.
Оженет е и е татко на три деца.

Дипломирал на правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1986 година, по што ја започнува својата кариера како раководител на правната служба во Шумското стопанство „Осогово“ во Крива Паланка, каде што совесно и професионално ја вршел својата дејност се до 1991 година.

Од 1991 до 1993 работи како инспектор во МВР, по што се вработува во Траншпед комерц, како раководител на филијалата „Деве Баир“, на која позиција останува се до 2006 година. Потоа формира сопствена компанија - Траншпед Трејд ДООЕЛ – Скопје, која до ден денес успешно работи и функционира, а во неа има вработено околу 40 лица.