Мојот советник

Македонски (Macedonian)Albanian-ALTurkish (Turkiye)
Градоначалник Славко Велевски PDF Печати Е-пошта
GradonacalnikSlavkoVelevski

Славко Велевски е роден на 22.06.1961 год. во Битола.
Оженет е и татко на 2 деца. Живее во Могила.

Основно образование завршува во Могила, средно во гимназијата во Битола. Во 1986 дипломирал на Природно - математичкиот факултет – група биологија, во Скопје.
Во 1989/1990 год. кратко престојува во Канада, а во периодот 1991/1992 год. работел како професор по биологија во ОУ „Браќа Миладиновци“ во Добрушево и Дедебалци.

Во 1982 година е еден од основачите и активен играч на КК „Стрела” – Могила, кој се натпреваруваше во регионалната лига на Македонија.
Член е на Комисијата за образование на ЗЕЛС, а член е и на Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија. Добро ја познава проблематиката на локалната самоуправа, јавните услуги, регионалниот и руралниот развој.

Членство во други организации:
Управен одбор на МЦМС 2004-2008

Извршен/Управен одбор на МЦМС 1993-2004