Мојот советник

Македонски (Macedonian)Albanian-ALTurkish (Turkiye)
Јавни набавки во општина Гостивар (01.01.2010-30.06-2010) PDF Печати Е-пошта

Во овој преглед дадени се податоци за реализираните јавни набавки во општина Гостивар, во периодот 01.01.2010- 30.06.2010 година.


Податоците се добиени од општина Гостивар, а се содржани во Планот за јавни набавки, донесен на 12.01.2010 година, Годишниот План за јавни набавки од мала вредност донесен на 12.01.2010 година и извештаите за спроведените јавни набавки.

Во општина Гостивар не постои посебен организационен облик за вршење на работите поврзани со јавните набавки, а јавните набавки ги спроведува комисија од редот на вработените во општината.

Во општината генерално се практикуваат два типа на јавни набавки: отворена постапка и постапка со барање за прибирање на понуди. Повремено се практикуваат и набавки чиј вкупен износ месечно не е поголем од 500 евра, во денарска противвредност, без ДДВ, за кои не важи Законот за јавни набавки.

За 2010 година планирано е да се спроведат јавни набавки во вкупна вредност од 183.078.000,00 денари, а за нивна реализација обезбеден е полн износ од буџетот на општината.

 

Во периодот 01.01.2010- 30.06.2010 година, спроведени се 21 јавни набавка, од кои 2 се поништени од страна на Комисијата за Јавни набавки.

 

- Јавна набавка на сообраќајни знаци за вертикална сигнализација, со проценета вредност од 306.000,00 денари која е спроведена со барање за прибирање понуди без објавување оглас, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ДООЕЛ Ентерекст – Р, Штип - (понудена цена без ДДВ – 281.000,00 ден.)
ДОО Вини Инжинеринг, Штип - (понудена цена без ДДВ – 350.000,00 ден)
ЈИТ, Прилеп - (понудена цена без ДДВ – 333.000,00 ден.)
За најповолна понуда е избрана понудата на ДООЕЛ Ентерекст – Р, Штип.

- Јавна набавка на работи, реализација на обележување на хоризонтална сигнализација со проценета вредност на набавката од 1.200.000 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди со објавување оглас, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ЈП Комуналец, Гостивар - (понудена цена без ДДВ - 1.075.680,00 ден)
Ариса ДООЕл, Скопје - (понудена цена без ДДВ - 3.213.931,00 ден.)
Виа Сигнал, Скопје - (понудена цена без ДДВ - 1.102.370,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на ЈП Комуналец, Гостивар.

- Јавна набавка на работи, реконструкција и санација на ударни дупки со проценета вредност од 1.200.000,00 денари која е спроведена со барање за прибирање понуди со објавување оглас, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
Пелагонија АД, Гостивар - (понудена цена без ДДВ - 995.500,00 ден.)
Фортреса Инжинеринг Груп, Гостивар - (понудена цена без ДДВ - 1.832.000,00 ден.)
Арбин Компани ДООЕЛ, Гостивар - (понудена цена без ДДВ - 836.350,00 ден.)
Јефута Инжинеринг ДОО, Гостивар - (понудена цена од 1.625.000,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на Пелагонија АД, Гостивар.

 

- Јавна набавка на работи уривање и отстранување на бесправно градени објекти на територијата на општина Гостивар со проценета вредност на набавката од 400.000,00 денари, која е спроведена со отворена постапка со рамковна спогодба, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
Фортреса Инжинеринг Добридол, Врапчиште - (понудена цена без ДДВ - 18.570,00 ден.)
Магнум Транс Р, Гостивар - (понудена цена без ДДВ - 24.120 ден.)
Јефута Инжинеринг ДОО, Гостивар - (понудена цена без ДДВ - 18.570,00 ден.)

За најповолни понуди се избрани сите три понуди, и oпштината има можност да спроведе јавни набавки од избранитe понудувачи до максималната вредност утврдена во планот за јавни набавки.

- Јавна набавка на компјутери, принтери и технички делови за одржување на компјутерска опрема со проценета вредност од 305.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без објавување оглас, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ДООЕЛ Бек Консалтинг, Гостивар - (понудена цена без ДДВ - 287.970,00 ден.)
ТП Медиамарк, Гостивар - (понудена цена без ДДВ - 270.090,00 ден.)
ДООЕЛ СулСис, Гостивар - (понудена цена без ДДВ - 276.415,00 ден.)
ДОО Номино, Гостивар - (понудена цена без ДДВ - 293.753,00 ден.)

За најповолна понуда е избирана понудата на ТП Медиамарк, Гостивар.

 

- Јавна набавка на стоки, набавка и одржување на канцелариски мебел за потребите на Општина Гостивар, со проценета вредност на набавката од 305.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без објавување оглас, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
Д.А.В. Трејд ДООЕЛ, Гостивар - (понудена цена без ДДВ - 233.700,00 ден.)
Идеал Гостивар - (понудена цена без ДДВ - 189.727,50 ден.)
Фуар промет Експорт Импорт, Гостивар – (понудена цена без ДДВ - 225.459,00 ден.)
За најповолна понуда е избирана понудата на Идеал Гостивар.

- Јавна набавка на преносни компјутери Лап Топ за потребите на советот на Општина Гостивар, со проценета вредност на набавката 1.200.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди со објавување оглас, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
Метро ДООЕЛ, Гостивар - (понудени цени без ДДВ (1.328.740 ден, 1.039.000 ден, 1.333.280 ден, 1.166.600 ден и 1.466.960 ден)
Нико Компјутери Жарко ДООЕЛ, Скопје - (понудена цена без ДДВ - 1.191.401,00 ден.)
Визарт Системи ДООЕЛ, Гостивар - (понудена цена без ДДВ - 1.180.760,00 ден.)
Инфините Солутионс ДОО, Скопје - (понудена цена ДДВ - 2.056.341,60 ден.)
Номино Гостивар - (понудена цена ДДВ - 1.090.791,00 ден.)
Македонски Телеком АД – (понудена цена ДДВ - 1.148.160,00 ден.)
АМЦ ДОО, Скопје - (понудена цена ДДВ - 1.487.520,00 ден.)
Доајен Дата Мирослав ДООЕЛ, Скопје - (понудена цена без ДДВ - 1.156.000,00 ден.)
СулСис ДООЕЛ, Гостивар - (понудена цена без ДДВ - 999.684,00 ден.)
Сет Компјутери ДОО, Скопје - (понудена цена без ДДВ - 1.175.040,00 ден.)
АД Еуро Компјутер Системс ЕЦС, Скопје - (понудена цена без ДДВ - 1.361.276,00 ден.)

Комисијата за јавни набавки донела Решение за поништување на постапката со образложение дека се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките понуди.
- Јавна набавка на работи, рипарирање на канцелариите во Општина Гостивар, со проценета вредност на набавката од 305.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без објавување оглас, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
Ватани ДООЕЛ, Гостивар - (понудена цена без ДДВ - 256.727,00 ден.)
Идеал, Гостивар - (понудена цена без ДДВ - 265.996,00 ден)
Енерговод, Скопје - (понудена цена без ДДВ - 267.156,00 ден)

За најповолна понуда е избрана понудата на Ватани ДООЕЛ, Гостивар.

- Јавна набавка на мобилни телефонски линии со проценета вредност на набавката од 300.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без објавување оглас, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ONE
VIP
Комисијата за јавни набавки донела Решение за поништување на постапката со образложение дека не се поднесени доволно понуди, а оние кои се поднесени не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките и финансиските понуди.

- Јавна набавка на работи, склучување на рамковна спогодба за изградба на улица, тротоари, патеки, паркиралишта, платоа и други урбани водоводни линии како и фекални атмосферски канализации со проценета вредност од 12.000.000,00 денари, спроведена со отворена постапка, по одлука за јавна набавка.

Како најповолни понуди за секој дел од јавната набавка, избрани се следниве понуди:

Арбин Компани ДООЕЛ, Гостивар
- Проширување на коловоз на ул. Браќа Ѓиновски спроти Судот (понудена цена без ДДВ од 307.300,00 ден.)

Бесјан Комерц ДОО, Гостивар
- Уредување на паркинг простор кај железничка станица (понудена цена без ДДВ - 446.300,00 ден),
- Уредување на центарот со бехатон плочки во село Форино (понудена цена без ДДВ - 321.800,00 ден.),
- Изработка на тротоар на ул. Браќа Ѓиновски и М. Ч. Филиповски (понудена цена без ДДВ - 445.840,00 ден)

Еурозимел Компани ДООЕЛ, Гостивар
- Локален пат Кеј Вардар кај Монтенегро мебел Л-290 м и Б-4м (понудена цена без ДДВ - 246.500,00 ден.),
- За санација на оштетени бехатонски кампади од коритото на р.Вардар (понудена цена без ДДВ- 378.984,00 ден);
- Уредување на центарот на село Вруток (понудена цена без ДДВ - 273.990,00 ден.).

Магнум Транс – Р ДООЕЛ, Гостивар
- Поставување на шахти – сливници од Армиран Бетон, за собирање на атмосферски води во село Лакавица (понудена цена без ДДВ - 324.410,00 ден.),
- Санација на локален пат во село Долна Бањица (понудена цена без ДДВ - 788.640,00 ден.).

Бал Транс ДОО, Гостивар
- Локален пат во село Равен (понудена цена без ДДВ - 659.200,00 ден.),
- Асфалтирање на улици во село Форино (понудена цена без ДДВ - 305.775,00 ден.).
Пелагонија АД, Гостивар

Асфалтирање на улици во село Форино 2 (понудена цена без ДДВ - 674.250,00 ден),
- Локален пат “72“ кај училиштето Башкими Л=180ч, Б=4м (понудена цена без ДДВ - 632.000,00 ден.)

Трново Трејд ДООЕЛ, Гостивар
- Отворање пристапен влез во паркинг просторот спроти културен дом (понудена цена без ДДВ - 27.786,00 ден)

Јефута Инженеринг ДОО, Гостивар
- Асфалтирање на улица во нас. Питарница (понудена цена без ДДВ - 951.900,00 ден.)

 

- Јавна набавка на услуги, разработка на проект за зонално паркирање во Градот Гостивар со проценета вредност на набавката од 305.000,00 денари која е спроведена барање за прибирање понуди без објавување оглас, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ЛОУ ТЕК ДООЕЛ, Скопје - (понудена цена без ДДВ - 292.750,00 ден.)
ТАГОРА ДООЕЛ, Скопје - (понудена цена без ДДВ -298.300,00 ден.)
МИЛЕНИУМ ДООЕЛ, Скопје - (понудена цена без ДДВ -315.360,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на ЛОУ ТЕК ДООЕЛ Скопје.

 

- Јавна набавка на услуги, изработка на техничка документација (идеен и основен проект) за инфраструктурни работи со проценета вредност на набавката од 2.000.000 денари., која е спроведена со отворена постапка по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ДОО Тераплан, Гостивар
ДОО Полог Проект Про Гостивар
ДООЕЛ Оникс Плус, Скопје
АД Зуас, Скопје

По спроведената втора фаза од постапката е склучена рамковна спогодба со сите понудувачи, и oпштината има можност да спроведе јавни набавки од избранитe понудувачи до максималната вредност утврдена во планот за јавни набавки.

 

- Јавна набавка на услуги, разработка на проект за реконструкција и ревитализација на патот Форино – Чегране, со проценета вредност на набавката од 305.000,00 денари, која е спроведена со прибирање на понуди без објавување оглас по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
Про Енгенеринг, Тетово - (понудена цена без ДДВ - 428.265,00 ден.)
Галаб ДООЕЛ, Скопје - (понудена цена без ДДВ - 405.000,00 ден.)
ОНИКС Плус ДООЕЛ, Скопје - (понудена цена без ДДВ - 295.000,00 ден.)

За најповолна понуда е избирана понудата на ОНИКС Плус ДООЕЛ Скопје.

- Јавна набавка на услуги, по Решение оглас за мерење на училишни објекти и детски градинки во катност и изготвување на геодетски елаборати до имотен лист, со процента вредност на набавката од 305.000,00 денари.

Добиени се понуди од:
Гео Проинг, Гостивар - (понудена цена без ДДВ - 92,00 ден. по метар)
Гео Биро, Гостивар - (понудена цена без ДДВ - 95,00 ден. по метар)
Гео Мрежа, Скопје - (понудена цена без ДДВ - 98,00 ден. по метар)

За најповолна понуда е избирана понудата на Гео Проинг Гостивар.

- Јавна набавка на канцелариски материјали и печатарски материјали и услуги, со проценета вредност на набавката од 3.562.000,00 денари, која е спроведена со отворена постапка по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
Вардар Десигн - (за делот на јавната набавка која се однесува на канцелариските материјали)
Космос Принт ДООЕЛ - (за делот на јавната набавка која се однесува на печатарски материјали и услуги)

За најповолни понуди се избрани и двете понуди, и oпштината има можност да спроведе јавни набавки од избранитe понудувачи до максималната вредност утврдена во планот за јавни набавки.
- Јавна набавка на работи, за вградување на лиени железни поклопци – тежок тип и изработка на завршна армирано бетонска плоча по тротоарите на патниот правец за село Чајле, со проценета вредност на набавката од 305.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без објавување оглас, по одлука за јавна набвка.

Добиени се понуди од:
Арбин Компани, Гостивар - (понудена цена без ДДВ - 325.500,00 ден.)
Магнум Транс – Р, Гостивар - (понудена цена без ДДВ - 304.110,00 ден.)
Магнум Транс Груп, Гостивар - (понудена цена без ДДВ - 345.650,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на Магнум Транс – Р Гостивар.

- Јавна набавка на дрва за греење на основните и средните училишта со проценета вредност на набавката oд 1.800.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без објавување оглас, по одлука за јавна набвка.

Добиена е понуда од:
ТД Малсиа – ИГ ДООЕЛ - (понудена цена без ДДВ - 3.382 ден по метар кубен.)

За најповолна понуда е избрана понудата на ТД Малсиа – ИГ ДООЕЛ.

- Јавна набавка на работи, реконструкција на оштетен челичен мост над река Вардар на ул. Кеј Вардар и реконструкција на урбани клупи во Градски Парк, со проценета вредност на набавката од 250.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без објавување оглас, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
Ростфрај Стил, Гостивар - (понудена цена без ДДВ - 189.750,00 ден.)
Еурозимел, Гостивар - (понудена цена без ДДВ - 220.090,00 ден)
Интрако, Гостивар - (понудена цена без ДДВ - 240.600,00 ден)

За најповолна понуда е избрана понудата на Росфрај Стил, Гостивар.
- Јавна набавка на услуги, изработка на Основен проект за реконструкција и адаптација на фабриката за преработка на вода за пиење за водоснабдување на Општина Гостивар со проценета вредност од 305.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без објавување оглас, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
Енвирон, Скопје - (понудена цена без ДДВ - 300.000,00 ден)
Комет Инжинеринг, Скопје - (понудена цена без ДДВ - 433.882,00 ден.)
Жикол, Струмица - (понудена цена без ДДВ - 358.000,00 ден:)

За најповолна понуда е избрана понудата на Енвирон, Скопје.

- Јавна набавка на мотор Лавара за потопна пумпа со проценета вредност на набавката од 307.500,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без објавување оглас, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
Техносервис, Скопје - (понудена цена без ДДВ - 307.500,00 ден.)
Солид ПС, Скопје - (понудена цена без ДДВ - 399.442,00 ден)
Енерговод, Скопје - (понудена цена без ДДВ - 433.882,00 ден)

За најповолна понуда е избрана понудата на Техносервис, Скопје.

- Јавна набавка на услуги, избор на агенција за привремени вработувања за потребите на општина Гостивар за 2010 година со проценета вредност на набавката од 5.000.000,00 денари, која е спроведена со отворена постапка по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
АПВ Мотиви, Скопје - (понуда - 1% провизија за услуга)
АПВ Контакт Бизнис, Скопје - (понуда - 1,89 % провизија за услуга)
АПВ Аксиос Вардар Гостивар (не ги исполнува условите наведени во тендерската документација)
АПВ Танекс – М Скопје (не ги исполнува условите наведени во тендерската документација)
За најповолна понуда е избрана понудата на АПВ Мотиви Скопје.