Мојот советник

Македонски (Macedonian)Albanian-ALTurkish (Turkiye)
Градоначалник Руфи Османи PDF Печати Е-пошта

rufi osmaniПроф. Др. Руфи Османи е роден на 20 август 1960 год. во село Чајле, општина Гостивар.
Како истакнат студент, ги завршил студиите на Економски факултет при Приштинскиот Универзитет во 1983 год. Во 1998 година, запишал а во јануари 2002 ги завршил постдипломските студии и стекнал звање Магистер на економски науки. Во јануари 2005 година успешно ја одбранил докторската теза “Компаративна анализа на соработката на Албанија и Македонија со Меѓународниот фонд и Светската банка” и се стекна со титулата Доктор по економски науки.

Во 1994 година е избран за пратеник во Собранието на Р. Македонија, а две години подоцна ја напушта пратеничката функција, бидејќи се кандидира, а подоцна е избран за Градоначалник на Општина Гостивар. Функцијата со прекини ја вршеше до април 1997 година. По цели 6 месеци институционално-демократски отпор во функција на легализирање на албанското знаме, за време на трагичните девето-јулски настани од 1997 година беше уапсен, а потоа осуден со 14 години затвор, односно 7 години во втората судска инстанца.

По усвојувањето на Законот за амнестија, во 1999 беше ослободен откако помина речиси 2 години во затворите на Македонија.

Од основањето на Тетовскиот универзитет во 1994 година беше вклучен во структурите на финансирање и во процесот на предавање како предавач до 2003 година. До мартовските избори 2009 година работеше и како универзитетски професор на Универзитетот на Југо-Источна Европа (УЈИЕ).

Досега има објавено повеќе научни и публицистички трудови во локални и регионални списанија од областа на економијата, политиката и образованието. “Алтернативна, политичка и економска мисла” е неговата прва книга. Додека пак, “Менаџерско книговодство” е универзитетски учебник на проф. др. Руфи Османи.

Потесната специјализација, врз основа на професионалното искуство е поврзана со финансиите и книговодството, додека пак, врз основа на научните истражувања се бави со меѓународните финансии и економската транзиција.