Мојот советник

Македонски (Macedonian)Albanian-ALTurkish (Turkiye)
Јавни набавки во општина Крива Паланка (01.07.2010-31.12-2010) PDF Печати Е-пошта

Во овој преглед дадени се податоци за реализираните јавни набавки во општина Крива Паланка, во периодот 01.07.2010- 31.12.2010 година.

Податоците се добиени од општина Крива Паланка, а се содржани во Планот за јавни набавки, донесен на 28.01.2010 година и извештаите за спроведените јавни набавки.

Во општина Крива Паланка не постои посебен организационен облик за вршење на работите поврзани со јавните набавки, а јавните набавки ги спроведува комисија од редот на вработените во општината.

Во општината генерално се спроведуваат следните видови јавни набавки: отворена постапка, постапка со преговарање без претходно објавување на оглас и постапка со барање за прибирање на понуди. Повремено се практикуваат и набавки чиј вкупен износ месечно не е поголем од 500 евра, во денарска противвредност, без ДДВ, за кои не важи Законот за јавни набавки.

За 2010 година планирано е да се спроведат јавни набавки во вкупна вредност од 53.200.200,00 денари, а за нивна реализација обезбедени се вкупно 22.400.000,00 денари. При тоа 40% од средствата се обезбедени од буџетот на општината, а 60% од буџетот на Република Македонија.

 

Во периодот 01.07.2010- 31.12.2010 година, спроведени се 17 јавни набавки, од кои две процедури се поништени:

 

 



 

- Јавна набавка на услуги доработка на проект за фекална канализација Бојанов Дол и доработка на главниот проект за фекална канализација – Лев колектор на Град Крива Паланка кон пречистителната станица и изработка на нов проект во продолжеток на главниот лев колектор до пречистителната станица во општина Крива Паланка, со проценета вредност на набавката од 307.500,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без огласување, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ХИДРО ЕНЕРГО ИНЖИНЕРИНГ ДОО Скопје – (понудена цена без ДДВ – 196.800,00 ден. и рок на изработка од 45 дена од потпишувањето на договорот)
БОДСИМ ДООЕЛ Скопје – (понудена цена без ДДВ - 244.000,00 ден. и рок на изработка од 60 дена од потпишувањето на договорот)

За најповолна понуда е избрана понудата на ХИДРО ЕНЕРГО ИНЖИНЕРИНГ ДОО Скопје.

 

 



 

- Јавна набавка на услуги, изработка на техничка документација за модернизација и реконструкција на централните училишта во општина Крива Паланка, ОУ Јоаким Крчовски (Централно училиште и Партизан со сала), ОУ Илинден во Крива Паланка со ПОУ Илинден во село Конопница – Фаза aрхитектура, со проценета вредност на набавката од 300.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без огласување, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ДПИ ОГОРЕЛСКИ ДООЕЛ Крива Паланка – (понудена цена без ДДВ – 61.500,00 ден. рок на изработка од 20 дена од потпишувањето на договорот и рок на плаќање 30 дена од испорачувањето на услугата)
ЈОВАНОВСКИ ИНЖИНЕРИНГ ДООЕЛ Крива Паланка – (понудена цена без ДДВ – 73.800,00 ден. рок на изработка од 30 дена од потпишувањето на договорот и рок на плаќање 15 дена од испорачувањето на услугата)

За најповолна понуда е избрана понудата на ДПИ ОГОРЕЛСКИ ДООЕЛ Крива Паланка.

 

 



 

- Јавна набавка на услуги за изработка на техничка документација за модернизација и реконструкција на централните училишта во општина Крива Паланка, ОУ Јоаким Крчовски (Централно училиште и Партизан со сала), ОУ Илинден во Крива Паланка со ПОУ Илинден во село Конопница – Фаза електрика и машинство, со проценета вредност на набавката од 300.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без огласување, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ФИЛБИС Мирко ДОО Скопје – (понудена цена без ДДВ – 75.000,00 ден. рок на изработка од 20 дена од потпишувањето на договорот и рок на плаќање 15 дена од испорачувањето на услугата)
ЕНЕРГОПЛАН ДООЕЛ Скопје - (понудена цена без ДДВ - 90.000,00 ден. рок на изработка од 45 дена од потпишувањето на договорот и рок на плаќање 8 дена од испорачувањето на услугата)
МАРТИК ДООЕЛ Скопје - (понудена цена без ДДВ - 100.000,00 ден. рок на изработка од 35 дена од потпишувањето на договорот и рок на плаќање 15 дена од испорачувањето на услугата)

За најповолна понуда е избрана понудата на ФИЛБИС Мирко ДОО Скопје.

 

 




- Јавна набавка на ситен инвентар за потребите на општина Крива Паланка, со проценета вредност на набавката од 150.000,00 денари која е спроведена со барање за прибирање понуди без огласување, по одлука за јавна набавка.
Добиени се понуди од:
ЉУ-ДЕЈ ДВА КОМПАНИ Крива Паланка (добиени бодови: цена - 88,72; рок на плаќање 8 дена од изготвување на фактурата – 10 бода)
ДООЕЛ ИВАНИ -ДЈ Крива Паланка - (добиени бодови: цена - 90; рок на плаќање 5 дена од изготвување на фактурата – 6,25 бода)
КОНТАКТ –ЕЛЕКТРО Куманово - (добиени бодови: цена - 87,20; рок на плаќање 3 дена од изготвување на фактурата - 3,75 бода)

 

По извршената евалуација на приложената детална спецификација, за најповолна понуда е избрана понудата на ЉУ-ДЕЈ ДВА КОМПАНИ Крива Паланка.

 

 



 

- Јавна набавка на услуги за избор на надзорен орган за вршење на стручен технички, квалитативен и квантитативен надзор при изградбата на дел од ул. Гоце Делчев во должина од 300 метри на коловоз со асфалт во Крива Паланка, со проценета вредност од 21.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без огласување, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ДПИ ОГОРЕЛСКИ ДООЕЛ Крива Паланка - (понудена цена без ДДВ - 15.000,00 ден. рок на плаќање 15 дена по испорачувањето на услугата)
ЈОВАНОВСКИ ИНЖИНЕРИНГ ДООЕЛ Крива Паланка - (понудена цена без ДДВ - 19.500,00 ден. рок на плаќање 10 дена од испорачувањето на услугата)

За најповолна понуда е избрана понудата на ДПИ ОГОРЕЛСКИ ДООЕЛ Крива Паланка.

 

 



 

- Јавна набавка на услуги за проектирање на локален пат Крива Паланка преку ул. Македонска и нас. Баглак – с.Градец преку Дивајска маала во должина од 2 км, со проценета вредност од 125.000,00 денари која е спроведена со барање за прибирање понуди без огласување по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ЈОВАНОВСКИ ИНЖИНЕРИНГ ДООЕЛ Крива Паланка - (понудена цена без ДДВ –112.000,00 ден. рок на испорака 15 дена од потпишувањето на договорот и рок на плаќање 60 дена од испорачувањето на услугата)
ДПИ ОГОРЕЛСКИ ДООЕЛ Крива Паланка - (понудена цена без ДДВ – 140.000,00 ден. рок на испорака 45 дена од потпишувањето на договорот и рок на плаќање 30 дена од испорачувањето на услугата)
ДППИ ПРОСТОР ДОО Куманово - (понудена цена без ДДВ – 300.000,00 ден. рок на испорака 30 дена од потпишувањето на договорот и рок на плаќање 30 дена од испорачувањето на услугата)

За најповолна понуда е избрана понудата на ЈОВАНОВСКИ ИНЖИНЕРИНГ ДООЕЛ Крива Паланка.

 

 



 

- Јавна набавка на услуги, изработка во електронска форма на проекти, со проценета вредност од 305.000,00 денари која е спроведена со барање за прибирање понуди без огласување по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ЕНВИРОН ДООЕЛ Скопје - (понудена цена без ДДВ – 77.000,00 ден. рок на изработка 15 дена од потпишувањето на договорот)
ДПИ ОГОРЕЛСКИ ДООЕЛ Крива Паланка - (понудена цена без ДДВ – 85.500,00 ден. рок на изработка 40 дена од потпишувањето на договорот)
ДГТ Жикол Струмица - (понудена цена без ДДВ – 82.000,00 ден. рок на изработка 20 дена од потпишувањето на договорот)

За најповолна понуда е избрана понудата на ЕНВИРОН ДООЕЛ Скопје.

 

 



 

- Јавна набавка на услуги, ревизија на проекти за изградба, реконструкција и рехабилитација на локални патишта во општина Крива Паланка, со проценета вредност од 306.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без огласување по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
Градежен Институт Македонија АД Скопје - (понудена цена без ДДВ – 6.800,00 ден. за 1 км. и рок на изработка 6 дена)
УКИМ - ЗИМ Скопје АД - (понудена цена без ДДВ – 12.000 ,00 ден. до 2 км и 3.000,00 ден за секој нареден км и рок на изработка 3 дена)

За најповолна понуда е избрана понудата на Градежен Институт Македонија АД Скопје.

 

 



 

- Јавна набавка на услуги, изработка на ажурирана геодетска подлога и локална урбанистичка планска документација за изградба на спортска сала на локалитетот на фудбалското игралиште во Крива Паланка за потребите на општина Крива Паланка, со проценета вредност од 305.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без огласување по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ДППИ ПРОСТОР ДОО Куманово - (понудена цена без ДДВ – 52.800,00 ден. и рок на изработка 20 дена од потпишувањето на договорот)

За најповолна понуда е избрана понудата на ДППИ ПРОСТОР ДОО Куманово.

 

 



 

- Јавна набавка на работи, медиумско претставување на општина Крива Паланка, со проценета вредност од 300.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без огласување по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ТРД Златен Канал, Крива Паланка - (понудена цена без ДДВ – 24.600,00 ден. и рок на плаќање 1 ден по изработувањето на фактурата)
ТРД Амазон ДООЕЛ Скопје - (понудена цена без ДДВ – 36.000,00 ден. и рок на плаќање 1 ден по изработувањето на фактурата)
ТРД ТВ КРТ ДООЕЛ Скопје - (понудена цена без ДДВ – 40.000,00 ден. и рок на плаќање 1 ден по изработувањето на фактурата).

За најповолна понуда е избрана понудата на ТРД Златен Канал, Крива Паланка.

 

 



 

- Јавна набавка на услуги, административно извршување на управни акти (уривање и отстранување на бесправно изградени градежни објекти – градби од I категорија и демонтажа и отстранување на монтажни и помошни објекти) за потребите на општина Крива Паланка, со проценета вредност од 125.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без огласување по одлука за јавна набавка.

Не се добиени понуди и поради тоа, Комисијата за јавни набавки му доставила предлог на градоначалникот да донесе одлука за неизбор на најповолен понудувач.

 

 



 

- Јавна набавка на услуги, за мобилна телефонија за општинската администрација во Крива Паланка со проценета вредност од 1.200.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди со огласување по одлука за јавна набавка.

Комисијата за јавни набавки констатирала дека понудата на економскиот оператор VIP има недефинирана понуда за роаминг, додека понудата на вториот економски оператор ONE е оценета како понуда со високи цени. Поради тоа, комисијата му предложила на градоначалникот да донесе одлука за неизбор, односно да ја поништи постапката и да донесе Одлука за повторно распишување на јавна набавка.

 

 



 

- Јавна набавка на услуги за привремени вработувања за 2010 година, со проценета вредност од 1.200.000,00 денари, спроведена со отворена постапка по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
АПВ ПРОСПЕКТ Прилеп - (понудена провизија од 1,32% од бруто плата по работник)
АПВ ТАНЕКС – М Скопје - (понудена провизија од 2,2% од бруто плата по работник)
АПВ КОНТАКТ БИЗНИС Скопје - (понудена провизија од 3% од бруто плата по работник)
АПВ РЕАЛНОСТ 06 Скопје - (понудена провизија од 3% од бруто плата по работник)
АПВ ТРАНКВАЛДЕР Скопје - (понудена провизија од 5% од бруто плата по работник)
АПВ СПИД Скопје - (провизија од 7% од бруто плата по работник)
АПВ ПАРТНЕР Скопје - (понудена провизија од 10% од бруто плата по работник)

За најповолна понуда е избрана понудата на АПВ ПРОСПЕКТ Прилеп.

 

 




- Јавна набавка на стоки, огревно дрво за потребите на основните училишта, детската градинка, ученичкиот дом, територијалната противпожарна единица во општина Крива Паланка со проценета вредност од 1.824.000,00 денари, која е спроведена со отворена постапка по одлука за јавна набавка.

 

Добиени се понуди од:
ЈП Македонски шуми Крива Паланка - (понудена цена без ДДВ – 1.663.195,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на ЈП Македонски шуми Крива Паланка.

 

 



 

- Јавна набавка на стоки, екстра лесно – масло за горење за потребите на средното и основните училишта и за потребите на општина Крива Паланка со проценета вредност од 6.070.227,00 денари, која е спроведена со отворена постапка по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ЕУРОПЕТРОЛ – МГ ДОО село Калуѓерица, Радовиш - (понудена цена без ДДВ – 5.037.020,00 денари и рабат од 4,650 денари по литар, рок на испорака од 2 часа по дадената писмена или усна нарачка)
АЛМА КОМЕРЦ Неготино - (понудена цена без ДДВ – 5.047.395,00 денари и рабат од 4,566 денари по литар, рок на испорака од 2 часа по дадената писмена или усна нарачка)
ОКТА АД с. Миладиновци, Скопје - (понудена цена без ДДВ – 5.144.734,00 денари и рабат од 3,776 денари по литар, рок на испорака од 24 часа по дадената писмена или усна нарачка)
МАКПЕТРОЛ АД Скопје - (понудата е одбиена поради непотполна документација)

За најповолна понуда е избрана понудата на ЕУРОПЕТРОЛ – МГ ДОО село Калуѓерица, Радовиш.

 

 



 

- Јавна набавка на услуги, обезбедување имот и лица во образовните установи во општина Крива Паланка, со проценета вредност од 1.750.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди со огласување по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ДПТУ ТЕРМИНАТОР ДООЕЛ увоз-извоз, село Јосифово, Валандово - (понудена цена без ДДВ месечно – 151.000,00 ден. и 20 лица со лиценци)

За најповолна понуда е избрана понудата на ДПТУ ТЕРМИНАТОР ДООЕЛ увоз извоз, село Јосифово, Валандово.

 

 



 

- Јавна набавка на работи, крпење на ударни дупки на улици и локални патишта во општина Крива Паланка со проценета вредност од 1.300.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди со огласување по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ИЗОЛАЦИЈА ДОО Скопје - (понудена цена без ДДВ:
- машинско сечење и стругање на оштетени асфалтни површини ,утовар и транспорт на ископаниот материјал до депонија (оддалечена околу 3 км) - 2.100,00 ден. /1m3
- чистење на ископана подлога и прскање со битуменска емулзија - 40,00 ден. / 1m2
- вградување машински асфалт БНС – 11, Д = 7cm - 770,00 ден. / 1m2
- вградување машински асфалт БНС – 11, Д = 7cm тротоари д=5см - 550,00 ден. / 1m2
- рачен ископ на земја од 3-та категорија утовар и одвоз на растојание од 3 км - 220,00 ден. / 1m3
- изработка на забавувачи на сообраќајот (грбки) од асвалт АБН11 со ширина 1,20m и висина 10cm над коловозната површина од улицата - 620,00 ден. / 1m
- рок на плаќање 65 дена од денот на изработувањето на фактурата)

ДИТ ИМАКО ДООЕЛ Скопје - (понудена цена без ДДВ:

– машинско сечење и стругање на оштетени асфалтни површини ,утовар и транспорт на ископаниот материјал до депонија (оддалечена околу 3 км) - 1.450,00 ден. /1m3
- чистење на ископана подлога и прскање со битуменска емулзија - 70.00,00 ден. / 1m2
- вградување машински асфалт БНС – 11, Д = 7cm - 780,00 ден. / 1m2
- вградување машински асфалт БНС – 11, Д = 7cm тротоари д = 5cm - 560,00 ден. / 1m2
- рачен ископ на земја од 3-та категорија утовар и одвоз на растојание од 3 км - 720,00 ден. / 1m3
- изработка на забавувачи на сообраќајот (грбки) од асвалт АБН11 со ширина 1,20m и висина 10cm над коловозната површина од улицата - 1.400,00 ден. / 1m
- рок на плаќање 15 дена од денот на изработувањето на фактурата)

За најповолна понуда е избрана понудата на ИЗОЛАЦИЈА ДОО Скопје.