Мојот советник

Македонски (Macedonian)Albanian-ALTurkish (Turkiye)
Јавни набавки во општина Крива Паланка (01.01.2010-30.06-2010) PDF Печати Е-пошта

Во овој преглед дадени се податоци за реализираните јавни набавки во општина Крива Паланка, во периодот 01.01.2010- 30.06.2010 година.

Податоците се добиени од општина Крива Паланка, а се содржани во Планот за јавни набавки, донесен на 28.01.2010 година и извештаите за спроведените јавни набавки.

Во општина Крива Паланка не постои посебен организационен облик за вршење на работите поврзани со јавните набавки, а јавните набавки ги спроведува комисија од редот на вработените во општината.

Во општината генерално се спроведуваат следните видови јавни набавки: отворена постапка, постапка со преговарање без претходно објавување на оглас и постапка со барање за прибирање на понуди. Повремено се практикуваат и набавки чиј вкупен износ месечно не е поголем од 500 евра, во денарска противвредност, без ДДВ, за кои не важи Законот за јавни набавки.

За 2010 година планирано е да се спроведат јавни набавки во вкупна вредност од 53.200.200,00 денари, а за нивна реализација обезбедени се вкупно 22.400.000,00 денари. При тоа 40% од средствата се обезбедени од буџетот на општината, а 60% од буџетот на Република Македонија.

Во периодот 01.01.2010- 30.06.2010 година, спроведени се 27 од вкупно планираните 139 јавни набавки во текот на годината:

- Јавна набавка на услуги изработка на детален урбанистички план за урбан модул Касарна до магацин на Тигар во Крива Паланка за површина од 15 хектари, со проценета вредност на набавката од 300.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без огласување, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ДПУП Полог Проект – ПРО, Гостивар – (понудена цена без ДДВ – 375.000,00 ден. и рок на изработка од 45 дена рок на плаќање 30% по потпишување на договорот, 50% со нацрт план и 20% од денот на испорачување на стоките)
Простор ДОО, Куманово – (понудена цена без 225.000,00 ден, рок на изработка нацрт план 30 дена од потпишувањето на договорот, предлог план 20 дена од усвојувањето на нацрт планот и рок на плаќање 20 дена од испорачувањето на услугата)
Урбан Гис ДОО, Куманово (непотполна документација)

За најповолна понуда е избрана понудата на Простор ДОО, Куманово.

- Јавна набавка на услуги, изработка на измени и дополнувања на Деталниот урбанистички план на Крива Паланка (лев брег) за урбан модул Стар Пролетер на локалитетот од Бензинска пумпа до улица 17-та Македонска Бригада, помеѓу улица М. Тито и улица д-р Наско Тамбурков, со проценета вредност на набавката од 110.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без огласување, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
Урбан Гис ДОО, Куманово – (понудена цена без ДДВ – 59.080,00 ден. рок на изработка од 45 работни дена и рок на плаќање 8 дена по испораката на услугата)
Простор ДОО, Куманово – (понудена цена без ДДВ – 83.025,00 ден. рок на изработка од 30 + 10 работни дена и рок на плаќање 40% по предавање на нацрт план, 40% по предавање на предлог план, 20 % по усвојување на предлог планот)

За најповолна понуда е избрана понудата на Урбан Гис ДОО, Куманово.

- Јавна набавка на работи за изградба и реконструкција на канализационата мрежа за приклучок за фекалните води од колективната станбена зграда за социјални станови во должина од 200 метри, со проценета вредност на набавката од 305.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без огласување, по одлука за јавна набавка.
Добиени се понуди од:
ДПГТУ Белешков инжинеринг, Крива Паланка – (понудена цена без ДДВ – 301.860,00 ден. рок на изработка од 15 работни дена и рок на плаќање 30 дена од доставувањето на фактурата)
ДООЕЛ Конструктор, Скопје - (понудена цена без ДДВ - 381.714,00 ден. рок на изработка од 20 работни дена и рок на плаќање 90 дена од доставувањето на фактурата)
Дине Трејд ДООЕЛ, Крива Паланка - (понудена цена без ДДВ - 292.560,00 ден. рок на изработка од 10 работни дена и рок на плаќање 60 дена од доставувањето на фактурата)

За најповолна понуда е избрана понудата на Дине Трејд ДООЕЛ, Крива Паланка.

- Јавна набавка на услуги, изработка на Анекс на изведбениот проект за санација на свлечиште во населба Илинден, ул Наско Тамбурков бб Крива Паланка со проценета вредност на набавката од 79.500,00 денари која е спроведена со барање за прибирање понуди без огласување, по одлука за јавна набавка. Добиени се понуди од:
Геотехника ДОО, Скопје - (понудена цена без ДДВ – 115.000,00 ден. рок на изработка од 45 работни дена и рок на плаќање 8 дена по испораката на услугата)
ДГПУ Геинг Кребс унд Кифер Интернешенл, Скопје - (понудена цена без ДДВ – 74.000,00 ден, рок на изработка од 15 работни дена и рок на плаќање 8 дена по испораката на услугата)
Хидро енерго Инжинеринг ДОО, Скопје - (понудена цена без ДДВ – 117.500,00 ден. рок на изработка од 35 работни дена и рок на плаќање 8 дена по испораката на услугата)

За најповолна понуда е избрана понудата на ДГПУ Геинг Кребс унд Кифер Интернешенл, Скопје.

 

- Јавна набавка на услуги за изработка на локална урбанистичка планска документација за изградба на пет мали минихидроцентрали на водоводот од Калин Камен до Крива Паланка за потребите на Општина Крива Паланка со проценета вредност од 300.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без огласување, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
Урбан Гис ДОО, Куманово - (понудата не е разгледана бидејќи пликот бил обележан од фирмата)
Полог Проект Про ДОО, Гостивар - (понудена цена без ДДВ - 407.500,00 ден. рок на изработка од 30 работни дена и рок на плаќање 30% со потпишувањето на договорот и 70% по испорачувањето на услугата)
Простор ДОО, Куманово - (понудена цена без ДДВ - 165.000,00 ден. рок на изработка – нацрт план 30 дена, предлог план 20 дена од усвојување на нацрт планот и рок на плаќање 60% по предавањето на нацрт планот и 40% по усвојувањето на предлог планот)

За најповолна понуда е избрана понудата на Простор ДОО, Куманово.

- Јавна набавка на услуги за изработка на локална урбанистичка планска документација за изградба на две мали минихидроцентрали на водоводот Станечка река до Крива Паланка за потребите на Општина Крива Паланка со проценета вредност од 300.000,00 денари која е спроведена со барање за прибирање понуди без огласување по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
Урбан Гис ДОО, Куманово - (понудата не е разгледана бидејќи пликот бил обележан од фирмата)
Полог Проект Про ДОО, Гостивар - (понудена цена без ДДВ – 157.600,00 ден. рок на изработка од 20 работни дена и рок на плаќање 30% со потпишувањето на договорот и 70% по испорачувањето на услугата)
Простор ДОО, Куманово - (понудена цена без ДДВ – 66.000,00 ден. рок на изработка – нацрт план 30 дена, предлог план 20 дена од усвојување на нацрт планот и рок на плаќање 60% по предавањето на нацрт планот и 40% по усвојувањето на предлог планот)

За најповолна понуда е избрана понудата на Простор ДОО, Куманово.

- Јавна набавка на стоки, изработка на патоказни табли “Добродојдовте во Општина Крива Паланка“, со проценета вредност од 100.000,00 денари која е спроведена со барање за прибирање понуди без огласување по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ВИА Сигнал ДООЕЛО, Скопје - (понудена цена без ДДВ – 26.000,00 ден. рок на плаќање од 30 работни дена)
Бојта Инг ДООЕЛ, Скопје - (понудена цена без ДДВ – 20.500,00 ден. рок на плаќање од 30 работни дена)
Фенико 2000, Богданци - (понудена цена без ДДВ – 14.500,00 ден. рок на плаќање од 15 работни дена)

За најповолна понуда е избрана понудата на Фенико 2000, Богданци.

- Јавна набавка на услуги, изработка на ревизија на идеен проект за изградба на пет мали минихидроцентрали на цевководот Калин Камен до резервоар до градот Крива Паланка и изработка на физибилити студија за истиот проект со проценета вредност од 100.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без огласување по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
Арсенов консалтинг инжинеринг, Скопје - (понудена цена без ДДВ – 153.750,00 ден. и рок на плаќање 60 дена од испорачувањето на услугата)
Факултет за електротехнички информации и технологии, Скопје - (понудена цена без ДДВ – 76.000,00 ден. и рок на плаќање 30 дена од испорачувањето на услугата)
ТЕН - ЕЛПРОМ, Скопје - (понудена цена без ДДВ – 216.300,00 ден. и рок на плаќање 15 дена од испорачувањето на услугата)

За најповолна понуда е избрана понудата на Факултет за електротехнички информации и технологии, Скопје.

 

- Јавна набавка на геодетски инструмент Тотална Станица за потребите на Општина Крива Паланка со проценета вредност од 306.100,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без огласување по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
Гео Вилд Мак ДООЕЛ, Скопје - (понудена цена без ДДВ – 307.335,00 ден. рок на плаќање од 15 работни дена по испораката)

За најповолна понуда е избрана понудата на Гео Вилд Мак ДООЕЛ, Скопје.

- Јавна набавка на тонери, кертриџи, рибони за потребите на Општина Крива Паланка со проценета вредност од 305.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без огласување по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
Бинокулар – Двоглед ДОО, Скопје - (понудена цена без ДДВ – 55.499,00 ден. и рок на плаќање од 15 дена)
Микролине Компјутери ДОО, Скопје - (понудена цена без ДДВ – 58.913,00 ден. и рок на плаќање од 10 дена)
СВВИТ – МС ДОО, Скопје - (понудена цена без ДДВ – 59.087,00 ден. и рок на плаќање од 12 дена).
За најповолна понуда е избрана понудата на Бинокулар – Двоглед ДОО, Скопје.

- Јавна набавка на услуги, избор на надзорен орган за вршење на стручен технички, квалитативен и квантитативен надзор на при доизградба на локален пат Манастир Св, Јоаким Осоговски – с. Бс во должина од 1 км. со проценета вредност од 300.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без огласување по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ДПИ Огорелски ДООЕЛ, Крива Паланка - (понудена цена без ДДВ – 40.000,00 ден. и рок на плаќање 30 дена од доставувањето на фактурата)
За најповолна понуда е избрана понудата на ДПИ Огорелски ДООЕЛ, Крива Паланка.

- Јавна набавка на услуги, избор на надзорен орган за вршење на стручен технички, квалитативен и квантитативен надзор на при Санација на свлечиште ул. Наско Тамбурков бб, Крива Паланка со проценета вредност од 75.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без огласување по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ДПИ Огорелски ДООЕЛ, Крива Паланка - (понудена цена без ДДВ – 40.000,00 ден. и рок на плаќање 30 дена од доставувањето на фактурата)

За најповолна понуда е избрана понудата на ДПИ Огорелски ДООЕЛ Крива Паланка.

- Јавна набавка на услуги, поплочување на улица Маршал Тито нов крак и стар крак ул. Маршал Тито локалитет стара чаршија со камени плочки и армирана бетонска подлога во Крива Паланка со проценета вредност од 305.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без огласување по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ДПГТУ Белешков – инжинеринг, Крива Паланка - (понудена цена без ДДВ – 143.893,00 ден. рок на изработка 7 дена од денот на воведување во работата и рок на плаќање 15 дена од денот на доставувањето на фактурата)

За најповолна понуда е избрана понудата на ДПГТУ Белешков – инжинеринг, Крива Паланка.

 

 

 

 

- Јавна набавка на услуги, ревизија на проектите за следните патни правци: Патен правец ул. Никола Тесла крак лево одвојување (200 метри), Патен правец ул. Никола Тесла - Којдунска маала (250 метри), Патен правец ул. Климент Охридски - Цонев Рид – Мини дол (2 км и 200 метри), Патен правец ул. Никола Карев – с. Конопница (500 метри), Патен правец ул. Вера Јоциќ – с. Мартиница (500 метри), Патен правец ул. Калин Камен (1 км и 340 метри) со проценета вредност од 306.000,00 денари, спроведена со барање за прибирање понуди без огласување по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
Аршин ДООЕЛ, Скопје - (понудена цена без ДДВ – 126.583,00 ден. и рок на плаќање 7 дена од испорачување на услугата)
Синерги – ефектс ДООЕЛ, Скопје - (понудена цена без ДДВ – 139.800,00 ден. и рок на плаќање 5 дена од испорачување на услугата)
Јовановски Инжинеринг ДООЕЛ, Крива Паланка - (понудена цена без ДДВ – 108.300,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на Јовановски Инжинеринг ДООЕЛ, Крива Паланка.

- Јавна набавка на услуги, ревизија на техничка документација за уредување на речното корито на Крива Паланка (Мотел Македонија – Бензинска пумпа) во должина од 2,5 км и ширина на коритото од цирка 45 метри со проценета вредност од 300.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без огласување по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
Аршин ДООЕЛ, Скопје - (понудена цена без ДДВ – 51.000,00 ден. и рок на плаќање 3 дена од испорачувањето на услугите)

За најповолна понуда е избрана понудата на Аршин ДООЕЛ, Скопје.

- Јавна набавка на техничка документација за уредување на речното корито Крива Река (Мотел Македонија – Бензинска пумпа) во должина од 2,5 км и ширина на коритото од цирка 45 метри со проценета вредност од 300.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без огласување по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ДППИ Простор ДОО, Куманово - (понудена цена без ДДВ – 950.000,00 ден. рок на изработка 45 дена од потпишувањето на договорот и рок на плаќање 30 ден од испорачувањето на услугите)
Јовановски Инжинеринг ДООЕЛ, Крива Паланка - (понудена цена без ДДВ – 298,500,00 ден. рок на изработка 11 дена од потпишувањето на договорот и рок на плаќање 91 ден од испорачувањето на услугите)
За најповолна понуда е избрана понудата на Јовановски Инжинеринг ДООЕЛ, Крива Паланка

- Јавна набавка на работи за изградба на дел од улица Гоце Делчев во должина од 300 метри со коловоз од асфалт, во Крива Паланка, со проценета вредност од 1.837.832,00 денари, која е спроведена со огласување за доделување договор за јавна набавка по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ДГТУ АДРА ДООЕЛ, Скопје - (понудена цена без ДДВ – 1.305.107,00 ден. рок на изведбата 5 дена од денот на воведување во работата и рок на плаќање 180 дена од изготвувањето на фактурата)
За најповолна понуда е избрана понудата на ДГТУ АДРА ДООЕЛ, Скопје.

- Јавна набавка на геодетски услуги за потребите на Општина Крива Паланка со проценета вредност од 520.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди со огласување по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ДПТУ АЛФА Геодет ДООЕЛ, Скопје
ДГР ГЕО – МЕГА, Куманово – (непотполна и неприфатлива документација)

За најповолна понуда е избрана понудата на ДПТУ АЛФА Геодет ДООЕЛ, Скопје, и со овој понудувач е склучена рамковна спогодба. Општината има можност да спроведе јавни набавки од избраниот понудувач до максималната вредност утврдена во планот за јавни набавки.

- Јавна набавка на градежен материјал за потребите на Општина Крива Паланка со проценета вредност од 1.200.000,00 денари, која е спроведена со објавување на барање за прибирање понуди со огласување по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ТД Мијоли, Скопје - (понудена цена без ДДВ - 1.200.000,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на ТД Мијоли, Скопје.

- Јавна набавка на компјутери, компјутерска опрема: HARDWARE и SOFTWARE, тонери и сервисирање на мрежна и компјутерска опрема со проценета вредност од 600.000,00 денари, која е спроведена со објавување на Барање за прибирање на понуди со огласување по одлука за јавна набавка.
Добиени се понуди од:
Бинокулар-двоглед ДОО, Скопје
ДПТУ Јакомо Техноцентар ДООЕЛ, Крива Паланка
За најповолна понуда е избрана понудата на ДПТУ Јакомо Техноцентар ДООЕЛ, Крива Паланка, и со овој понудувач е склучена рамковна спогодба. Општината има можност да спроведе јавни набавки од избраниот понудувач до максималната вредност утврдена во планот за јавни набавки.
- Јавна набавка на канцелариски материјали за потребата на Општина Крива Паланка со проценета вредност од 570.000,00 денари која е спроведена со објавување на Барање за прибирање на понуди со огласување по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
Т.Д. „2Б“ АВНИ ДООЕЛ, Скопје

За најдобра понуда е избрана понудата на Т.Д. „2Б“ АВНИ ДООЕЛ, Скопје, и со овој понудувач е склучена рамковна спогодба. Општината има можност да спроведе јавни набавки од избраниот понудувач до максималната вредност утврдена во планот за јавни набавки.

- Јавна набавка на прехранбени продукти и пијалоци за потребите на Општина Крива Паланка, со проценета вредност од 580.000,00 денари, која е спроведена со објавување на Барање за прибирање на понуди со огласување по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ДПТУ „Норма“ Стојанче ДООЕЛ, Крива Паланка

За најдобра понуда е избрана понудата на ДПТУ „Норма“ Стојанче ДООЕЛ, Крива Паланка, и со овој понудувач е склучена рамковна спогодба. Општината има можност да спроведе јавни набавки од избраниот понудувач до максималната вредност утврдена во планот за јавни набавки.

- Јавна набавка на услуги од градежна механизација со проценета вредност од 850.000,00 денари, која е спроведена со објавување на барање за прибирање на понуди со огласување, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ДГПТУ Дине Трејд ДООЕЛ, Крива Паланка

За најповолна понуда е избрана понудата на ДГПТУ Дине Трејд ДООЕЛ, Крива Паланка, и со овој понудувач е склучена рамковна спогодба. Општината има можност да спроведе јавни набавки од избраниот понудувач до максималната вредност утврдена во планот за јавни набавки.

- Јавна набавка на работи за Санација на свлечиштето ул. Наско Тамбурков бб во Крива Паланка, со проценета вредност од 7.564.500,00 денари, која е спроведена со објавување на Отворена постапка за јавна набавка по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
БАГ – КОП Мустафа ДООЕЛ с. Мала Речица, Тетово - (понудена цена на изградбата без ДДВ – 4.718.294,62 ден. и рок на изградба 30 дена од склучување на договорот)
ДИТ Имако ДООЕЛ, Гостивар - (понудена цена на изградбата без ДДВ – 6.118.871,16 ден. и рок на изградба 36 работни дена)
За најповолна понуда е избрана понудата на БАГ – КОП Мустафа ДООЕЛ с. Мала Речица, Тетово

- Јавна набавка на работи, доизградба на локален пат Манастир Св. Јоаким Осоговски – с. Бс во должина од 1 км со проценета вредност од 5.994.279,20 денари, која е спроведена со објавување на Отворена постапка за јавна набавка по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ДГТ Жикол, Скопје - (понудена цена на изградбата без ДДВ – 8.037.718,00 ден. рок на изработка 20 дена и рок на плаќање 30 дена)
Козјак АД, Куманово - (понудена цена на изградбата без ДДВ – 7.487.338,00 ден. рок на изработка 90 дена и рок на плаќање 30 дена)
Бауер БГ ДОО, Скопје - (понудена цена на изградбата без ДДВ – 7.047.128,00 ден. рок на изработка 14 дена и рок на плаќање 105 дена)
ДИТ Имако ДООЕЛ, Гостивар - (понудена цена на изградбата без ДДВ – 5.826.907,00 ден. рок на изработка 15 дена и рок на плаќање до 60 дена)
Изолација ДС и др. ДОО Увоз – Извоз - (понудена цена на изградбата без ДДВ – 5.844.792,00 ден. рок на изработка 10 дена и рок на плаќање 90 дена)
ДГТУ Адра ДООЕЛ, Скопје - (понудена цена на изградбата без ДДВ – 4.237.240,76 ден. рок на изработка 28 дена и рок на плаќање 45 дена)

За најповолна понуда е избрана понудата на ДГТУ Адра ДООЕЛ, Скопје.

- Јавна набавка на услуги, изработка на Генерален урбанистички план на Град Крива Паланка, за површина од 582,5 хектари, со проценета вредност од 8.900.000,00 денари, која е спроведена со објавување на отворена постапка за јавна набавка по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ДППИ Простор ДОО, Куманово - (понудена цена за изработка без ДДВ – 4.500,00 денари за 1 хектар и рок на плаќање 60 дена од испорачување на услугата)

За најповолна понуда е избрана понудата на ДППИ Простор ДОО, Куманово.

- Јавна набавка на стоки (резервни делови материјали и работи за јавно осветлување во Општина Крива Паланка), со проценета вредност од 1.669.390,00 денари, која е спроведена со објавување на отворена постапка за јавна набавка по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
Трново – М Милорад ДООЕЛ, Крива Паланка - (понудена цена на изградба без ДДВ – 1.680.860,00 ден. и рок на плаќање 180 дена од изготвувањето на фактурата)
Електро Лајт ДООЕЛ, Куманово - (понудена цена на изградбата без ДДВ – 1.486.140,00 ден. и рок на плаќање 90 дена од изготвувањето на фактурата)
Еуропетрол - МТ ДОО, Радовиш - (понудена цена на изградбата без ДДВ – 1.627.924,00 ден. и рок на плаќање 45 дена од изготвувањето на фактурата)

За најповолна понуда е избрана понудата на Електро Лајт ДООЕЛ, Куманово.