Мојот советник

Македонски (Macedonian)Albanian-ALTurkish (Turkiye)
Прифатени иницијативи и идеи од Белата листа на приоритети во општина Могила PDF Печати Е-пошта

Според податоци наведени во Белата листа на приоритети на општина Могила и во Планот за јавни набавки на општина Могила за 2011 година, може да се констатира дека во Планот за јавни набавки за 2011 година се опфатени следните иницијативи и идеи наведени од учесници на дебатата:

 


• Во населените места Мусинци и Свето Тодори да се реши проблемот со водоводот и водата за пиење;

За реализација на овој приоритет во планот за јавни набавки може да се идентификуваат повеќе постапки кои треба да се спроведат во 2011 година, меѓу кои:

II. Договори и рамковни спогодби за јавни набавки на услуги

Очекуван почеток на постапката (месец)

Проценета вредност на договорот/ рамковната спогодба без ДДВ (денари)

 

Вид на постапка

Изработка на проектна документација за водоводи

Април - Декември 2011

400.000,00

Барање за прибирање понуди со огласување

Ревизорски услуги на проектна документација за водоснабдителни системи и канализации

Февруари - Декември 2011

150.000,00

Барање за прибирање понуди без огласување

III. Договори и рамковни спогодби за јавни набавки на работи

Очекуван почеток на постапката (месец)

Проценета вредност на договорот/ рамковната спогодба без ДДВ (денари)

 

Вид на постапка

Водоснабдување на с. Св. Тодори и с. Подино – Трета фаза

Април – Ноември 2011

5.000.000,00

Отворена постапка

 


• Во наредната година со средства од Светска банка се планира да се реализира проект за замена на уличното осветлување со штедливи светилки со што ќе се влијае врз заштедување на средства од буџетот

За реализација на овој приоритет во планот за јавни набавки може да се идентификуваат повеќе постапки кои треба да се спроведат во 2011 година, меѓу кои:

 

III. Договори и рамковни спогодби за јавни набавки на работи

Очекуван почеток на постапката (месец)

Проценета вредност на договорот/ рамковната спогодба без ДДВ (денари)

Вид на постапка

Изградба, реконструкција и одржување на јавното улично осветление во Општина Могила

Јануари – Февруари 2011

 

300.000,00

Барање за прибирање понуди без огласување

 


• Етапно санирање на патиштата раскопани за потребите на канализацијата;
• Асфалтирање на улиците низ населените места во општината, а полските патишта ќе се решаваат со самопридонес и донации;

За реализација на овие приоритети во планот за јавни набавки може да се идентификуваат повеќе постапки кои треба да се спроведат во 2011 година, меѓу кои:

II. Договори и рамковни спогодби за јавни набавки на услуги

Очекуван почеток на постапката (месец)

Проценета вредност на договорот/ рамковната спогодба без ДДВ (денари)

 

Вид на постапка

Изработка на проектна техничка документација за (Главен проект) за изградба, реконструкција и рехабилитација на локални патишта во Општина Могила

Мај – Јуни 2011

300.000,00

Барање за прибирање понуди без огласување

Изработка на проектна техничка документација за (Главен проект) за изградба, реконструкција и рехабилитација на улици во Општина Могила

Мај – Јуни 2011

300.000,00

Барање за прибирање понуди без огласување

 

III. Договори и рамковни спогодби за јавни набавки на работи

Очекуван почеток на постапката (месец)

Проценета вредност на договорот/ рамковната спогодба без ДДВ (денари)

Вид на постапка

Санација и одржување (тампонирање) на улици во Општина Могила

 

Април – Јуни 2011

 

1.500.000,00

 

Барање за прибирање понуди со огласување

Изградба (тампонирање и асфалтирање) на улици во Општина Могила

 

Мај – Јули 2011

 

3.000.000,00

 

Барање за прибирање понуди со огласување

Изградба на локален пат за с. Црничани

 

Април – Септември 2011

 

3.500.000,00

 

Отворена постапка

Изградба на локален пат за с. Путурус

 

Мај – Јули 2011

 

9.000.000,00

 

Отворена постапка

Изградба на патна инфраструктура во руралните подрачја – улици во населени места Радобор и Беранци – Општина Могила

 

Јануари – Март 2011

 

2.244.486,00

 

Отворена постапка

 


Општина Могила согласно законската регулатива, може да изврши измени и дополнувања на Буџетот и Планот за јавните набавки за 2011 година и со тоа се отвора можност останатите приоритети од Белата листа, кои не се опфатени, да бидат дополнително опфатени и реализирани во 2011 година.