Мојот советник

Македонски (Macedonian)Albanian-ALTurkish (Turkiye)
Јавни набавки во општина Могила (01.07.2010-31.12-2010) PDF Печати Е-пошта

Во овој преглед дадени се податоци за реализираните јавни набавки во општина Могила, во периодот 01.07.2010- 31.12.2010 година.

Податоците се добиени од општина Могила, а се содржани во Планот за јавни набавки, донесен на 14.01.2010 година, дополнението на Планот донесен на 01.04.2010 како и во извештаите за спроведените јавни набавки.

Во општина Могила не постои посебен организационен облик за вршење на работите поврзани со јавните набавки, а јавните набавки ги спроведува комисија од редот на вработените во општината.

Во општината генерално се спроведува следните видови јавни набавки: отворена постапка, постапка со преговарање без претходно објавување на оглас и постапка со барање за прибирање на понуди. Повремено се практикуваат и набавки чиј вкупен износ месечно не е поголем од 500 евра, во денарска противвредност, без ДДВ, за кои не важи Законот за јавни набавки.

За 2010 година планирано е да се спроведат јавни набавки во вкупна вредност од 124.340.301,00 денари, а за нивна реализација се обезбедени средства во полн износ. При тоа 30% средствата се обезбедени од буџетот на општината, а 70% од буџетот на Република Македонија.

 

Во периодот 01.07.2010- 31.12.2010 година, спроведени се 10 јавни набавки:

 


- Јавна набавка на стоки, гориво за потребите на општина Могила, со проценета вредност од 300.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без објавување на оглас, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ГОПЕ ПЕТРОЛ ДОО Могила – (понудена цена без ДДВ – 216.950,00 ден., плаќање 20 дена по добивањето на фактурата)
ПЕЛАГОНИЈА ПЕТРОЛ ДООЕЛ Битола – (понудена цена без ДДВ – 216.950,00 ден., плаќање 5 дена по добивањето на фактурата)
ДООЕЛ "САЊИЧКА" Могила - (понудена цена без ДДВ –216.950,00 ден., авансно плаќање)

За најповолна понуда е избрана понудата на ГОПЕ ПЕТРОЛ ДОО Могила.

 


- Јавна набавка на стоки, канцелариски материјали (тонери) за потребите на општина Могила во 2010 година, со проценета вредност од 50.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без огласување, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ДООЕЛ Микро – инжинеринг Битола - (понудена цена без ДДВ 18.823,50 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на ДООЕЛ Микро – инжинеринг Битола.

 


- Јавна набавка на стоки, канцелариски материјал за потребите на општина Могила, со проценета вредност од 200.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без објавување на оглас, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ДООЕЛ ДИВО ДИЗАЈН Битола - (понудена цена без ДДВ – 1.607,08 ден. и рок на плаќање од 15 дена по денот на добивањето на фактурата)
ДООЕЛ КВИН МАРКЕТ Битола - (понудена цена без ДДВ – 1.872,88 ден. и рок на плаќање од 3 дена по денот на добивањето на фактурата)
ДООЕЛ ГРАФО ПРОМ Битола - (понудена цена без ДДВ - 1.948,31 ден. и рок на плаќање веднаш по добивањето на фактурата)

За најповолна понуда е избрана понудата на ДООЕЛ КВИН МАРКЕТ Битола.

 


- Јавна набавка на услуги, изработка на Основен проект за реконструкција со доградба на Дом на културата и Општинската зграда во Могила - општина Могила, со проценета вредност од 60.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без објавување на оглас, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ДООЕЛ ЕВРОИНЖИНЕРИНГ Битола - (понудена цена без ДДВ - 42.500,00 ден.)
ДООЕЛ ФОРМИ Битола - (понудена цена без ДДВ – 100.000,00 ден.)
ДООЕЛ АРХИНОВА Битола - (понудена цена без ДДВ – 60.500,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на ДООЕЛ ЕВРОИНЖИНЕРИНГ Битола.

 


- Јавна набавка на услуги, изработка на Идеен и Основен проект во сите фази за доградба на Основното Училиште Гоце Делчев –Могила, изработка на Идеен и Основен проект во сите фази за изградба на Детска градинка во Могила, со проценета вредност од 120.000,00 денари, спроведена со барање за прибирање понуди без објавување на оглас, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ДООЕЛ АРХИНОВА Битола - (понудена цена без ДДВ – 102.000,00 ден.)
ДООЕЛ ЕВРОИНЖИНЕРИНГ Битола - (понудена цена без ДДВ – 135.000,00 ден.)
ДООЕЛ ФОРМИ Битола - (понудена цена без ДДВ – 150.000,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на ДООЕЛ АРХИНОВА Битола.

 


- Јавна набавка на услуги, ангажирање на работници за вршење на привремени работи во општина Могила во 2011 година, со проценета вредност од 200.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без објавување на оглас, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
АПВ Проспект Прилеп - (понудена провизија од 0,9% од бруто платата)
АПВ ЗЕТА Битола - (понудена провизија од 0,9% од бруто платата)
АПВ Партнер СК, Скопје - (понудена провизија од 1,5% од бруто платата)

За најповолна понуда е избрана понудата на АПВ Проспект Прилеп.

 


- Јавна набавка на услуги, изработка на карта на општина Могила, со проценета вредност од 170.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без објавување на оглас, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
Тримакс ДОО Скопје - (понудена цена без ДДВ – 160.000,00 ден.)
ДООЕЛ ДАЛС Скопје - (понудена цена без ДДВ – 170.000,00 ден.)
ДОО Геомак Скопје - (понудена цена без ДДВ – 180.000,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на Тримакс ДОО Скопје.

 


- Јавна набавка на работи, зимско чистење и одржување на локални патишта и улици во општина Могила во сезоната 2010/2011 година (според наведена спецификација), со проценета вредност од 350.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без објавување на оглас, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ДООЕЛ Даки Даме Транс, с. Делче, Демир Хисар – (понудена цена без ДДВ - 270.000,00 ден. и рок на плаќање од 120 дена по добивање на ситуација/фактура)
ДОО Агро Рубин с. Дедебалци - (понудена цена без ДДВ 270.000,00 ден. и рок на плаќање од 100 дена по добивање на ситуација/фактура)
ДООЕЛ Транс Крушево - (понудена цена без ДДВ 290.000,00 ден. и рок на плаќање од 30 дена по добивање на ситуација/фактура)
ДООЕЛ Јутел Демир Хисар - (понудена цена без ДДВ 300.000,00 ден. и рок на плаќање од 30 дена по добивање на ситуација/фактура)

За најповолна понуда е избрана понудата на ДООЕЛ Даки Даме Транс, с. Делче, Демир Хисар.

 


- Јавна набавка на работи, изработка на елаборат за животна средина за оценка на влијанието на дејностите или активностите врз животната средина во општина Могила, со проценета вредност од 300.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без објавување на оглас, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ДООЕЛ Пенџер Битола – (понудена цена без ДДВ - 280.000,00 ден. и рок на плаќање од 14 дена по добивање на ситуација/фактура)
Дизајн Центар Инжинеринг, Кавадарци - (понудена цена без ДДВ 294.000,00 ден. и рок на плаќање од 10 дена по добивање на ситуација/фактура)
ДООЕЛ Петровски Инжинеринг - (понудена цена без ДДВ 297.500,00 ден. и рок на плаќање од 7 дена по добивање на ситуација/фактура)

За најповолна понуда е избрана понудата на ДООЕЛ Пенџер Битола.

 


- Јавна набавка на мобилни телефонски услуги за потребите на општина Могила, со проценета вредност од 300.000 денари, које спроведена со барање за прибирање понуди без огласување, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:

T-Mobile, понудени цени:
– разговор кон сите други национални мобилни мрежи - 3,9 денари/минута во тарифен модел од 1.250 денари,
– разговор кон сите други национални мобилни мрежи - 2,5 денари/минута во тарифен модел од 4.000 денари;
– разговор кон сите други национални фиксни мрежи - 3,9 денари/минута во тарифен модел од 1.250 денари,
– разговор кон сите други национални фиксни мрежи - 2,5 денари/минута во тарифен модел од 4.000 денари;
– разговор во рамките на компанијата - 0 денари/минута.

ONE ДОО Скопје, понудени цени:
– разговор кон сите други национални мобилни мрежи - 3,51 денари/минута,
– разговор кон сите други национални фиксни мрежи - 0,4212 денари/минута;
– разговор во рамките на компанијата - 0 денари/минута.

За најповолна понуда е избрана понудата на T-Mobile.