Мојот советник

Македонски (Macedonian)Albanian-ALTurkish (Turkiye)
Јавни набавки во општина Могила (01.01.2010-30.06-2010) PDF Печати Е-пошта

Во овој преглед дадени се податоци за реализираните јавни набавки во општина Могила, во периодот 01.01.2010- 30.06.2010 година.

Податоците се добиени од општина Могила, а се содржани во Планот за јавни набавки, донесен на 14.01.2010 година, дополнението на Планот донесен на 01.04.2010 како и во извештаите за спроведените јавни набавки.

Во општина Могила не постои посебен организационен облик за вршење на работите поврзани со јавните набавки, а јавните набавки ги спроведува комисија од редот на вработените во општината.

Во општината генерално се спроведува следните видови јавни набавки: отворена постапка, постапка со преговарање без претходно објавување на оглас и постапка со барање за прибирање на понуди. Повремено се практикуваат и набавки чиј вкупен износ месечно не е поголем од 500 евра, во денарска противвредност, без ДДВ, за кои не важи Законот за јавни набавки.

За 2010 година планирано е да се спроведат јавни набавки во вкупна вредност од 124.340.301,00 денари, а за нивна реализација се обезбедени средства во полн износ. При тоа 30% средствата се обезбедени од буџетот на општината, а 70% од буџетот на Република Македонија.

Во периодот 01.01.2010- 30.06.2010 година, спроведени се 8 од вкупно планираните 43 јавни набавки во текот на годината:

- Јавна набавка на услуги, вршење на геодетски услуги за потребите на Општина Могила во 2010 година, со проценета вредност од 150.000 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без објавување на оглас, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:

  • ДООЕЛ Гео Силвер, Скопје – (понудена цена без ДДВ – 57.500,00 ден.)
  • ДООЕЛ КАТ Плус, Битола – (понудена цена без ДДВ – 18.800,00 ден. за прв дел и 434.600,00 ден. за втор дел)
  • ДООЕЛ Гео Ј и С, Битола (понудена цена без ДДВ –734.500,00 ден.)


За најповолна понуда е избрана понудата на ДООЕЛ Гео Силвер, Скопје.


- Јавна набавка на услуги, вршење на стручен технички надзор на сите видови активности на градење во 2010 година, со проценета вредност од 200.000 денари, која е спроведена со барање за прибирање на понуди без објавување на оглас, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:

  • ДООЕЛ Проинг, Битола - (понудена цена без ДДВ во висина од 2,0% од вредноста на инвестицијата)
  • ДООЕЛ БЕ - ТИ РС, Куманово - (понудена цена без ДДВ во висина од 2,5% од вредноста на инвестицијата)

За најповолна понуда е избрана понудата на ДООЕЛ Проинг, Битола.

- Јавна набавка на услуги, изработка на ревизии на проекти за изградба на водоводи и канализации во Општина Могила, со проценета вредност од 150.000 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без објавување на оглас, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:

  • Градежен Институт Македонија АД, Скопје - (понудена цена без ДДВ – 112.000,00 ден.)
  • УСКИМ ЗИМ Скопје, АД Скопје - (понудена цена без ДДВ – 135.000,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на Градежен Институт Македонија АД, Скопје.


- Јавна набавка на работи, изведување на сезонски градежни работи во комуналната дејност во Општина Могила, со проценета вредност од 300.000 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без објавување на оглас, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:

  • ДООЕЛ „ЗИМАК“, БИТОЛА - (понудена цена без ДДВ по квадратен метар, кубен метар, должински метар – 3.520,00 ден.)
  • ДООЕЛ Кико Комерц, село Карамаки, Битола - (понудена цена без ДДВ по квадратен метар, кубен метар, должински метар – 4.210,00 ден.)
  • ТП „Неогор“, село Кравари, Битола - (понудена цена без ДДВ по квадратен метар, кубен метар, должински метар – 4.355,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на ДООЕЛ „ЗИМАК“, БИТОЛА.

- Јавна набавка на работи, изградба, реконструкција и одржување на јавно улично осветление во Општина Могила, со проценета вредност од 300.000 денари, спроведена со барање за прибирање понуди без објавување на оглас, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:

  • ДОО „Црна Река Бакре“, Битола - (понудена цена без ДДВ – 27.580,00 ден.)
  • Дафа МС, Битола - (понудена цена без ДДВ – 30.570,00 ден.)
  • Манифактура Комерц, Битола - (понудена цена без ДДВ – 31.180,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на ДОО „Црна Река Бакре“, Битола.

- Јавна набавка на работи, реконструкција на трафостаница за пумпна станица во населено место Мојно – општина Могила, со проценета вредност од 250.000 денари, која е спроведена со барање за прибирање на понуди без објавување на оглас, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:

  • ДООЕЛ „Енергопренос“, Битола - (понудена цена без ДДВ – 190.000,00 ден. и рок на плаќање од 60 дена)
  • ДООЕЛ „Електростил“, Битола - (понудена цена без ДДВ – 430.000,00 ден. и рок на плаќање од 30 дена)
  • ДООЕЛ „Механотехника“, Битола - (понудена цена без ДДВ – 456.000,00 ден. и рок на плаќање: 30% авансно, остатокот по 15 дена)

За најповолна понуда е избрана понудата на ДООЕЛ „Енергопренос“, Битола.

- Јавна набавка на работи, изградба на патна инфраструктура во рурални подрачја – улици во населени места Радобор и Беранци, со проценета вредност од 4.488.972,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање на понуди со објавување на оглас, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:

  • ДООЕЛ „Даки-Даме Транс“ село Белче, Демир Хисар - (понудена цена без ДДВ – 2.551.294,00 ден.)
  • ДООЕЛ „Бауер БГ“ ДОО, Скопје - (понудена цена без ДДВ – 2.698.363,00 ден.)
  • ДООЕЛ „Еко-Ривал“, Битола - (понудена цена без ДДВ – 2.833.620,00 ден.)
  • АД ГД „Гранит“, Битола - (понудена цена без ДДВ – 2.895.571,00 ден.) 

За најповолна понуда е избрана понудата на ДООЕЛ „Даки-Даме Транс“ село Белче, Демир Хисар.

- Јавна набавка на работи, реконструкција на локален пат во населено место Будаково – општина Могила, со проценета вредност од 1.365.815,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди со објавување на оглас, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:

  • ДООЕЛ „Даки-Даме Транс“, Демир Хисар – (понудена цена без ДДВ 1.378.351,00 ден.)
  • АД ГД „Гранит“, Скопје - (понудена цена без ДДВ 1.515.876,00 ден.) 
  • ДООЕЛ „Еко-Ривал“, Битола - (понудена цена без ДДВ 1.534.589,00 ден.) 
  • ДОО „Изофас“, Прилеп - (понудена цена без ДДВ 1.778.510,00 ден.)

За најповолан понуда е избрана понудата на ДООЕЛ „Даки-Даме Транс“ село Белче, Демир Хисар.