Мојот советник

Македонски (Macedonian)Albanian-ALTurkish (Turkiye)
Прифатени иницијативи и идеи од Белата листа на приоритети во Општина Дебарца PDF Печати Е-пошта

Според расположливите податоци наведени во Белата листа на приоритети на Општина Дебарца и во Планот за јавни набавки на Општина Дебарца за 2011 година, може да се констатира дека во Планот за јавни набавки за 2011 година се опфатени следните приоритети наведени од учесниците на дебатата одржана на 02.12.2010 година:


• Асфалтирање на патиштата во селата во Горна Дебарца

За реализација на овој приоритет во планот за јавни набавки може да се идентификуваат повеќе постапки кои треба да се спроведат во 2011 година, меѓу кои:

III. Договори и рамковни спогодби за јавни набавки на работи

 

Очекуван почеток на постапката (месец)

Проценета вредност на договорот/ рамковната спогодба без ДДВ (денари)

 

Вид на постапка

Изградба и реконструкција на општински патишта и улици

 

Јули 2011

 

4.500.000,00

 

Отворена постапка

 


• Решавање на водоснабдувањето, водоводот, канализацијата и чистење на каналите во с. Издеглавје со помош на средства од Владата, странски фондови и самопомош на жителите,
• Решавање на водоводот во с. Велмеј.

За реализација на овие приоритети во планот за јавни набавки може да се идентификуваат повеќе постапки кои треба да се спроведат во 2011 година, меѓу кои:

 

II. Договори и рамковни спогодби за јавни набавки на услуги

 

Очекуван почеток на постапката (месец)

Проценета вредност на договорот/ рамковната спогодба без ДДВ (денари)

 

Вид на постапка

Изработка и ревизија на проекти за изградба и реконструкција на објекти за водоснабдување

Јуни 2011

300.000,00

Барање за прибирање понуди без огласување

Изработка и ревизија на проекти за изградба и реконструкција на објекти за одведување на отпадни води

Септември 2011

300.000,00

Барање за прибирање понуди без огласување

III. Договори и рамковни спогодби за јавни набавки на работи

Очекуван почеток на постапката (месец)

Проценета вредност на договорот/ рамковната спогодба без ДДВ (денари)

Вид на постапка

Изградба на резервоар за водоснабдување на село Издеглавје

Јуни 2011

3.300.000,00

Отворена постапка

Реконструкција на водоводен систем во село Велмеј

Јуни 2011

6.370.000,00

Отворена постапка

 



• Изградба на спортски терени (игралишта) во Требеништа, Оровник и Белчишта преку проект на USAID

За реализација на овој приоритет во планот за јавни набавки може да се идентификуваат повеќе постапки кои треба да се спроведат во 2011 година, меѓу кои:

 

II. Договори и рамковни спогодби за јавни набавки на услуги

Очекуван почеток на постапката (месец)

Проценета вредност на договорот/ рамковната спогодба без ДДВ (денари)

Вид на постапка

Изработка и ревизија на проекти за изградба на спортски терени

Септември 2011

100.000,00

Барање за прибирање понуди без огласување

III. Договори и рамковни спогодби за јавни набавки на работи

Очекуван почеток на постапката (месец)

Проценета вредност на договорот/ рамковната спогодба без ДДВ (денари)

Вид на постапка

Изградба и реконструкција на спортски терени во Општината

Јуни 2011

300.000,00

Барање за прибирање понуди без огласување

 


• Санирање на ударните дупки на патниот правец Арбиново – Починка како и на приклучните патишта

За реализација на овој приоритет во планот за јавни набавки може да се идентификуваат повеќе постапки кои треба да се спроведат во 2011 година, меѓу кои:

III. Договори и рамковни спогодби за јавни набавки на работи

Очекуван почеток на постапката (месец)

Проценета вредност на договорот/ рамковната спогодба без ДДВ (денари)

Вид на постапка

Изградба и реконструкција на општински патишта и улици

Јули 2011

4.500.000,00

Отворена постапка

 


• Одржување на јавната чистота и редовно отстранување на снегот од патните правци кои минуваат низ општината

За реализација на овој приоритет во планот за јавни набавки може да се идентификуваат повеќе постапки кои треба да се спроведат во 2011 година, меѓу кои:

III. Договори и рамковни спогодби за јавни набавки на работи

Очекуван почеток на постапката (месец)

Проценета вредност на договорот/ рамковната спогодба без ДДВ (денари)

Вид на постапка

Зимско одржување на општинските патишта и улици во зимската сезона 2010/2011 година

Октомври

1.200.000,00

Барање за прибирање понуди без огласување

 


Општина Дебарца согласно законската регулатива, може да изврши измени и дополнувања на Буџетот и Планот за јавните набавки за 2011 година и со тоа се отвора можност останатите приоритети од Белата листа кои не се опфатени, да бидат дополнително опфатени и реализирани во 2011 година.