Мојот советник

Македонски (Macedonian)Albanian-ALTurkish (Turkiye)
Јавни набавки во општина Дебарца (01.07.2010-31.12-2010) PDF Печати Е-пошта

Во овој преглед дадени се податоци за реализираните јавни набавки во општина Дебарца, во периодот 01.07.2010- 31.12.2010 година.

Податоците се добиени од општина Дебарца, а се содржани во Планот за јавни набавки, донесен на 28.01.2010 и извештаите за спроведените јавни набавки.

Во општина Дебарца не постои посебен организационен облик за вршење на работите поврзани со јавните набавки, а јавните набавки ги спроведува комисија од редот на вработените во општината.

Во општината генерално се практикуваат два типа на јавни набавки: отворена постапка и постапка со барање за прибирање на понуди. Повремено се практикуваат и набавки чиј вкупен износ месечно не е поголем од 500 евра, во денарска противвредност, без ДДВ, за кои не важи Законот за јавни набавки.

За 2010 година планирано е да се спроведат јавни набавки во вкупна вредност од 53.200.200,00 денари, а за нивна реализација обезбедени се вкупно 22.400.000,00 денари. При тоа 40% од средствата се обезбедени од Буџетот на општината, а 60% од Буџетот на Република Македонија.

 

Во периодот 01.07.2010- 31.12.2010 година, спроведени се 11 јавни набавки:

 



 

- Јавна набавка на градежни работи за регулација на речното корито во село Сливово, општина Дебарца, со проценета вредност од 720.000 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди со објавување на оглас.

Добиени се понуди од:
ТДГТУ БОКОП ДОО село Боровец - (понудена цена без ДДВ – 709.800,00 ден.)
ИВСТИЛ Градба ДООЕЛ Охрид - (понудена цена без ДДВ – 712.000,00 ден.)
ПОБЕДА ДООЕЛ село Ботун - (понудена цена без ДДВ – 724.080,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на ТДГТУ БОКОП ДОО село Боровец.

 

 



 

- Јавна набавка на работи од нискоградба– тампонирање и асфалтирање на општински патишта и улици во општина Дебарца, со проценета вредност од 3.200.000,00 денари, која е спроведена со отворена постапка во хартиена форма со електронска аукција како дополнителна фаза преку ЕСЈН.

Добиени се понуди од:
ИЛИНДЕН АД Струга - (понудена цена без ДДВ – 3.771.900,00 ден.)
Уникат ДООЕЛ Струга - (понудена цена без ДДВ – 4.269.200,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на ИЛИНДЕН АД Струга.

 

 



 

- Јавна набавка на работи од нискоградба– тампонирање на локални патишта и улици, со проценета вредност од 300.000 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без објавување на оглас.

Добиени се понуди од:
Победа ДООЕЛ село Ботун – (понудена цена без ДДВ – 293.040,00 ден.)
ИЛИНДЕН АД Струга - (понудена цена без ДДВ – 297.680,00 ден.)
Анбита ДООЕЛ Охрид - (понудена цена без ДДВ – 316.285,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на Победа ДООЕЛ село Ботун

 

 


 

- Јавна набавка на услуги за изработка на техничка документација (основни проекти) за реконструкцијата на локалните патишта во општина Дебарца, со проценета вредност од 300.000 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без објавување на оглас.

Добиени се понуди од:
Хидроградежен инжинеринг ДОО Скопје – (понудена цена без ДДВ – 304.000,00 ден.)
Минт Инжинеринг ДООЕЛ село Батинци, Скопје - (понудена цена без ДДВ – 306.000,00 ден.)
Круна Дрил ДОО Скопје - (понудена цена без ДДВ – 360.000,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на Хидроградежен инжинеринг ДОО Скопје.

 

 


 

- Јавна набавка на работи од нискоградба– чистење и порамнување на локални патишта во општина Дебарца, со проценета вредност од 300.000 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без објавување на оглас.

Добиени се понуди од:
Победа ДООЕЛ село Ботун – (понудена цена без ДДВ – 291.970,00 ден.)
Илинден АД Струга - (понудена цена без ДДВ – 305.550,00 ден.)
Анбита ДООЕЛ - (понудена цена без ДДВ – 339.500,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на Победа ДООЕЛ село Ботун.

 

 


 

- Јавна набавка на услуги за изработка на елаборати за оценка на влијанието на реконструкцијата на локалните патишта во општина Дебарца врз животната средина, со проценета вредност од 150.000 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без објавување на оглас.

Добиени се понуди од:
Енвиро ресурси ДОО Скопје – (понудена цена без ДДВ – 77.500,00 ден.)
Енвиро Л ДООЕЛ Скопје - (понудена цена без ДДВ – 90.000,00 ден.)
АУРА Проект ДООЕЛ Скопје - (понудена цена без ДДВ – 92.500,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на Енвиро ресурси ДОО Скопје.

 

 


 

- Јавна набавка на работи за изградба на отворен атмосферски канал во село Лешани, со проценета вредност од 300.000 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без објавување на оглас.

Добиени се понуди од:
Бокоп ДОО село Боровец – (понудена цена без ДДВ – 299.550,00 ден.)
Аба – М ДООЕЛ село Велгошти - (понудена цена без ДДВ – 314.528,00 ден.)
Ка – инжинеринг 2010 ДООЕЛ Охрид - (понудена цена без ДДВ – 329.505,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на Бокоп ДОО село Боровец.

 

 


 

- Јавна набавка на работи за изградба на дополнителна каптажа за водоснабдување на село Мраморец, со проценета вредност од 300.000 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без објавување на оглас.

Добиени се понуди од:
Бокоп ДОО село Боровец – (понудена цена без ДДВ – 299.800,00 ден.)
Аба – М ДООЕЛ село Велгошти - (понудена цена без ДДВ – 315.122,00 ден.)
Ка – инжинеринг 2010 ДООЕЛ Охрид - (понудена цена без ДДВ – 329.780,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на Бокоп ДОО село Боровец.

 

 


 

- Јавна набавка на стоки - градежен материјал за санација на селскиот дом во село Мешеишта, со проценета вредност од 150.000 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без објавување на оглас.

Добиени се понуди од:
ТД Бошко ДООЕЛ село Мешеишта – (понудена цена без ДДВ – 143.030,00 ден.)
Планум ДООЕЛ Струга - (понудена цена без ДДВ – 147.950,00 ден.)
Сефа транс ДООЕЛ Струга - (понудена цена без ДДВ – 150.110,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на ТД Бошко ДООЕЛ село Мешеишта.

 

 


 

- Јавна набавка на масло за горење (екстра лесно) за потребите на општина Дебарца за грејната сезона 2010/2011 година, со проценета вредност од 200.000 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без објавување на оглас.

Добиени се понуди од:
Уникат ДООЕЛ Струга – (понудена цена без ДДВ – 227.500,00 ден.)
ИЛИНДЕН АД Струга - (понудена цена без ДДВ – 230.000,00 ден.)
Моби Петрол ДООЕЛ Охрид - (понудена цена без ДДВ – 230.000,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на Уникат ДООЕЛ Струга.

 

 


 

- Јавна набавка на дополнителни работи за регулација на речното корито во село Сливово, општина Дебарца, со проценета вредност од 120.000 денари, која е спроведена со преговарање без претходно објавување на оглас.

* Постапката за спроведување дополнителни работи за регулација на речното корито во село Сливово доаѓа по појавената потреба од извршување на дополнителни работи, кои не биле вклучени во основниот договор.

Добиени се понуди од:
ТДГТУ БОКОП ДОО село Боровец – (понудена цена без ДДВ – 119.947,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на ТДГТУ БОКОП ДОО село Боровец.