Мојот советник

Македонски (Macedonian)Albanian-ALTurkish (Turkiye)
Јавни набавки во општина Дебарца (01.01.2010-30.06-2010) PDF Печати Е-пошта

Во овој преглед дадени се податоци за реализираните јавни набавки во општина Дебарца, во периодот 01.01.2010- 30.06.2010 година.

Податоците се добиени од општина Дебарца, а се содржани во Планот за јавни набавки, донесен на 28.01.2010 и извештаите за спроведените јавни набавки.

Во општина Дебарца не постои посебен организационен облик за вршење на работите поврзани со јавните набавки, а јавните набавки ги спроведува комисија од редот на вработените во општината.

Во општината генерално се практикуваат два типа на јавни набавки: отворена постапка и постапка со барање за прибирање на понуди. Повремено се практикуваат и набавки чиј вкупен износ месечно не е поголем од 500 евра, во денарска противвредност, без ДДВ, за кои не важи Законот за јавни набавки.

За 2010 година планирано е да се спроведат јавни набавки во вкупна вредност од 53.200.200,00 денари, а за нивна реализација обезбедени се вкупно 22.400.000,00 денари. При тоа 40% од средствата се обезбедени од Буџетот на општината, а 60% од Буџетот на Република Македонија.

Во периодот 01.01.2010- 30.06.2010 година, спроведени се 3 од планирани 45 постапки за јавни набавки, во текот на годината:

- Јавна набавка на канцелариски материјали за 2010 година, со проценета вредност од 300.000 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без објавување на оглас.

Добиени се понуди од:

  • Мила Охрид ДООЕЛ Охрид - (понудена цена без ДДВ – 35.357,20 ден.)
  • Нико Иво ДООЕЛ Охрид - (понудена цена без ДДВ – 39.495,50 ден.)
  • Просвета ДООЕЛ Охрид - (понудена цена без ДДВ – 40.018,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на Мила Охрид ДООЕЛ Охрид.


- Јавна набавка на електроматеријали за 2010 година, со проценета вредност од 300.000 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без објавување на оглас.

Добиени се понуди од:

  • Марин ДООЕЛ Охрид - (понудена цена без ДДВ – 13.617,00 ден.)
  • ДУ – ЕЛ – МА ДОО Охрид - (понудена цена без ДДВ – 15.617,00 ден.)
  • ЕД – ЕЛ Пром ДОО Охрид - (понудена цена без ДДВ – 18.707,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на Марин ДООЕЛ Охрид.


- Јавна набавка на патничко моторно возило за потребите на Општина Дебарца, со проценета вредност од 1.400.000 денари, која е спроведена со отворена постапка.

По спроведената постапка добиена е една понуда:

  • Макпетрол АД Скопје – (понудена цена без ДДВ – 1.308.798,00 ден.)

Макпетрол АД Скопје е избран како најповолен понудувач.