Мојот советник

Македонски (Macedonian)Albanian-ALTurkish (Turkiye)
Јавни набавки во општина Осломеј (01.07.2010-31.12-2010) PDF Печати Е-пошта

Во овој преглед дадени се податоци за реализираните јавни набавки во општина Осломеј, во периодот 01.07.2010- 31.12.2010 година.

Податоците се добиени од општина Осломеј, а се содржани во Планот за јавни набавки, донесен на 18.03.2010 година и извештаите за спроведените јавни набавки.

Во општина Осломеј не постои посебен организационен облик за вршење на работите поврзани со јавните набавки, а јавните набавки ги спроведува комисија од редот на вработените во општината.

Во општината генерално се практикуваат два типа на јавни набавки: отворена постапка и постапка со барање за прибирање на понуди. Повремено се практикуваат и набавки чиј вкупен износ месечно не е поголем од 500 евра, во денарска противвредност, без ДДВ, за кои не важи Законот за јавни набавки.

За 2010 година планирано е да се спроведат јавни набавки во вкупна вредност од 50.950.000,00 денари, а за нивна реализација обезбедени се вкупно 12.950.000,00 денари. При тоа 40% средствата се обезбедени од буџетот на општината, а 30% од месен самопридонес и 30% од донации.

 

Во периодот 01.07.2010- 31.12.2010 година, спроведени се 13 јавни набавки:


 



 

- Јавна набавка на работи, одржување на јавно осветление во населените места на општина Осломеј, со проценета вредност без ДДВ од 1.000.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди со објавување на оглас.

Добиени се понуди од:
ДТПУ ИНСТАЛАЦИЈА село Длапкин Дол, општина Зајас – (понудена цена без ДДВ:

1. Набавка, транспорт и поставување на дрвен импрегниран столб Л=9m, (комлет со земјени работи)- 4.200,00 ден/ парче
2. Преместување на постоечки дрвен столб (комлет со земјени работи) - 2.900,00 ден./ парче
3. Набавка на кабел Х00/ 2х16mm2 - 70,00 ден./ метар
4. Набавка и монтажа на петта жица со изолатор - 1.600,00 ден/ поле
5. Набавка и монтажа на сноп кабле и прибор - 1.700,00 ден./ поле
6. Набавка на живини сијалици:
80W - 120,00 ден./ парче
125W - 240,00 ден./ парче
160W - 280,00 ден./ парче
250W - 320,00 ден./ парче
7. Промена на живина сијалица - 320,00 ден./ парче
8. Набавка и промена на OSRAM сијалици, 24W E27 - 490,00 ден./ парче
9. Набавка и промена на фасонка E27 - 350,00 ден./ парче
10. Набавка и промена на пригушник за сијалица 125W - 750,00 ден./ парче
11. Набавка и промена на заштитно стакло - 250 ден./ парче
12. Набавка и монтажа на комплет арматура со стакло и OSRAM сијалици, 24W - 1.550,00 ден./ парче
13. Набавка и монтажа на обрач за дрвен столб - 150,00 ден./ парче
14. Набавка и монтажа на чинија со заштитна гумичка - 180,00 ден./ парче
15. Набавка и монтажа на сноп кабел Х00/ 0х16mm2 - 85,00 ден./ метар
16. Набавка и монтажа на форел за улично осветление - 2.850,00 ден./ парче
17. Набавка и монтажа на склопка СН-40 А - 2.400,00 ден./ парче
18. Набавка и монтажа на комплетен ормар со струјомер и друга опрема - 1200,00 ден
19. Набавка и монтажа на флуоресцентни сијалици со вграден електронски стартер за директно поврзување, 23W - 480,00 ден./ парче
20. Набавка и монтажа на OSRAM сијалици, 24W со комплет потребна опрема - 490,00 ден.

За најповолна понуда е избрана понудата на ДТПУ ИНСТАЛАЦИЈА село Длабкин Дол, општина Зајас.

 

 



 

- Јавна набавка на работи, уредување на речно корито во село Аранѓел - општина Осломеј, со проценета вредност без ДДВ од 1.800.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди со објавување на оглас.

Добиени се понуди од:
ДГТПСУУ ЛИНДИ, село Стрелци, општина Oсломеј – (понудена цена без ДДВ – 1.560.255,00 ден. и рок на испорака од 18 работни денови)
ДПТТУ АГРО – СЕЛЦА, Тетово - (понудена цена без ДДВ - 1.578.250,00 ден. и рок на испорака 18 работни денови)
ТДПТУ ИНСТАЛАЦИЈА, село Длапкин Дол, општина Зајас - (понудена цена без ДДВ - 1.571.032,00 ден. и рок на испорака 18 работни денови)
ДГГМР НЕЛА – АР Скопје - (понудена цена без ДДВ - 1.554.756,00 ден. нема наведен рок на испорака)
ТДПТИ ХИДРОМОНТАЖА ИНЖИНЕРИНГ, Скопје - (понудена цена без ДДВ - 2.613.700,00 ден. нема наведен рок на испорака).

За најповолна понуда е избрана понудата на ДГТПСУУ ЛИНДИ, село Стрелци, општина Зајас.

 

 



 

- Јавна набавка на работи за зимско одржување на локалните патишта и улици на територијата на општина Осломеј за зимскиот период, со проценета вредност без ДДВ од 600.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди со објавување на оглас.

Добиени се понуди од:
ТП АЈЕТ РЕЏЕП ТАФА, село Поповјани, општина Осломеј – (понудена цена без ДДВ – 1.950,00 ден. по час, рок на испорака – веднаш)
ДГПТСУУ ЛИНДИ, село Стрелци, општина Осломеј – (понудена цена без ДДВ – 2.124,00 ден. по час, нема наведено рок на испорака)

За најповолна понуда е избрана понудата на ТП АЈЕТ РЕЏЕП ТАФА, село Поповјани, општина Зајас.

 

 



 

- Јавна набавка на стоки, материјали за проширување (реконструкција) на мост во Баше маало, село Туин, општина Осломеј, со проценета вредност од 350.000,00,00 денари која е спроведена со барање за прибирање понуди без објавување на оглас.
Добиени се понуди од:
ГИЛДА – ПРИС ДОО Кичево - (понудена цена без ДДВ - 312.800,00 ден.)
ШКЕНДИЈА ДООЕЛ село Црвивци, општина Осломеј - (понудена цена без ДДВ - 324.350,00 ден.)
ГУД ТЕКНИКА Кичево - (понудена цена без ДДВ - 335.500,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на ГИЛДА – ПРИС ДОО Кичево.

 



 

- Јавна набавка на услуги за изработка на WEB страна на општина Осломеј, со проценета вредност 60.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без објавување на оглас.

Добиени се понуди од:
ДПТИУ МИКРО-КОМ Кичево - (понудена цена без ДДВ - 46.740,00 ден)
ДУППТ МАТРИКС Кичево - (понудена цена без ДДВ - 58.540,00 ден)
ДИУМТ СПИДКОМП Кичево - (понудена цена без ДДВ - 63.130,00 ден).

За најповолна понуда е избрана понудата на ДПТИУ МИКРО-КОМ Кичево.

 

 


 

- Јавна набавка на стоки, канцелариски мебел за општина Осломеј, со проценета вредност од 90.000,00 денари без ДДВ, која е спроведена со барање за прибирање понуди без објавување на оглас.

Добиени се понуди од:
ДПТГ РЕ-АЛ Зајас - (понудена цена без ДДВ – 83.190,00 ден.)
ДПП ЈЕТМИР Кичево - (понудена цена без ДДВ - 85.550,00 ден.)
ДЗДППУ ВЕВЕ Зајас - (понудена цена без ДДВ - 87.556,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на ДПТГ РЕ-АЛ Зајас.

 

 


 

- Јавна набавка на услуги, изработка на изведбен – основен проект за локалниот пат раскрсница Осломеј – Шутово, општина Осломеј, со проценета вредност 60.000,00 денари без ДДВ, која е спроведена со барање за прибирање понуди без објавување на оглас.

Добиени се понуди од:
ТДГПУ ГЕНИКО Прилеп - (понудена цена без ДДВ - 64.900,00 ден.)
ТДПИИУ ПРОСТОР ПРОЕКТ Прилеп - (понудена цена без ДДВ - 67.850,00 ден.)
ДДПГТ СТИЛ ПРОЕКТ Прилеп - (понудена цена без ДДВ - 70.210,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на ТДГПУ ГЕНИКО Прилеп.

 

 


 

- Јавна набавка на услуги, изработка на ажурирани геодетски подлоги за општина Осломеј, не е наведена проценетата вредност, која е спроведена со барање за прибирање понуди без објавување на оглас.

Добиени се понуди од:
ДПЗТИУТ КАТ ПЛУС Кичево - (понудена цена без ДДВ - 5.841,00 ден./ хектар и рок на изведување 15 дена)
ДКГРУТ ПРЕМЕР ЕКСТРА Кичево - (понудена цена без ДДВ - 5.820,00 ден./ хектар рок на изведување 25 дена)

За најповолна понуда е избрана понудата на ДПЗТИУТ КАТ ПЛУС Кичево.

 

 


 

- Јавна набавка за извршување на работи реконструкција на улица Горни Стафи, село Туин, општина Осломеј, со проценета вредност 400.000,00 денари без ДДВ, која е спроведена со барање за прибирање понуди без објавување на оглас.

Добиени се понуди од:
ГУД ЛИНДИ село Стрелци, општина Осломеј - (понудена цена без ДДВ - 303.195,00 ден.)
ДПТГ УНИВЕРЗАЛ ФИКС село Колибари, општина Зајас - (понудена цена без ДДВ - 321.250,00 ден.)
ТП АЈЕТ РЕЏЕП ТАФА село Поповјани, општина Осломеј - (понудена цена без ДДВ - 363.280,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на ГУД ЛИНДИ село Стрелци, општина Зајас.

 

 


 


- Јавна набавка на стоки, извршување на работи за реконструкција на улица Горни Баше и близу џамија с. Туин, општина Осломеј, со проценета вредност 350.000,00 денари без ДДВ, која е спроведена со барање за прибирање понуди без објавување на оглас.

Добиени се понуди од:
ТП АЈЕТ РЕЏЕП ТАФА село Поповјани, општина Осломеј - (понудена цена без ДДВ - 306.265,00 ден.)
ГУД ЛИНДИ село Стрелци, општина Осломеј - (понудена цена без ДДВ - 309.400,00 ден.)
ДПТГ ИНСТАЛАЦИЈА село Длапкин Дол, општина Зајас - (понудена цена без ДДВ - 339.230,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на ТП АЈЕТ РЕЏЕП ТАФА.

 

 


 

- Јавна набавка на стоки, бетон МБ 30, за изработка на банкини на локалниот пат за с. Србица, општина Осломеј, нема наведено проценета вредност, која е спроведена со барање за прибирање понуди без објавување на оглас.

Добиени се понуди од:
ДГПУТ ИСЕИНИ КОМПАНИ, с. Стрелци, општина Осломеј - (понудена цена без ДДВ - 359.653,00 ден.)
ДТПУ АРТЕН - БЕТОН Кичево - (понудена цена без ДДВ - 373.446,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на ДГПУТ ИСЕИНИ КОМПАНИ.

 

 


 

 


- Јавна набавка на стоки, зимски и летни гуми за службените возила на општина Осломеј, со проценета вредност од 60.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без објавување на оглас.

Добиени се понуди од:
ДПТУ БН-БАП Кичево - (понудена цена без ДДВ - 44.799,00 ден.)
ТД ВИКТОРИ-В Кичево - (понудена цена без ДДВ - 47.059,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на ДПТУ БН-БАП Кичево.

 

 


 

- Јавна набавка на стоки, хуманитарни пакети за социјално загрозени лица, храна и пијалоци за празнични коктели, со проценета вредност 300.000,00 денари без ДДВ, која е спроведена со барање за прибирање понуди без објавување на оглас.

Добиени се понуди од:
ДТПУ АС СЕЊАК Кичево - (понудена цена без ДДВ - 281.946,00 ден.)
ТДПУТ МИКПРОМЕТ Кичево - (понудена цена без ДДВ - 305.561,50 ден.)
ДПТТУ ДУКЛА Кичево - (понудена цена без ДДВ - 329.150,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на ДТПУ АС СЕЊАК Кичево.