Мојот советник

Македонски (Macedonian)Albanian-ALTurkish (Turkiye)
Јавни набавки во општина Осломеј (01.01.2010-30.06-2010) PDF Печати Е-пошта

Во овој преглед дадени се податоци за реализираните јавни набавки во општина Осломеј, во периодот 01.01.2010- 30.06.2010 година.

Податоците се добиени од општина Осломеј, а се содржани во Планот за јавни набавки, донесен на 18.03.2010 година и извештаите за спроведените јавни набавки.

Во општина Осломеј не постои посебен организационен облик за вршење на работите поврзани со јавните набавки, а јавните набавки ги спроведува комисија од редот на вработените во општината.

Во општината генерално се практикуваат два типа на јавни набавки: отворена постапка и постапка со барање за прибирање на понуди. Повремено се практикуваат и набавки чиј вкупен износ месечно не е поголем од 500 евра, во денарска противвредност, без ДДВ, за кои не важи Законот за јавни набавки.

За 2010 година планирано е да се спроведат јавни набавки во вкупна вредност од 50.950.000,00 денари, а за нивна реализација обезбедени се вкупно 12.950.000,00 денари. При тоа 40% средствата се обезбедени од буџетот на општината, а 30% од месен самопридонес и 30% од донации.

 

Во периодот 01.01.2010- 30.06.2010 година, спроведени се 7 од вкупно планираните 10 јавни набавки во текот на годината:

 

- Јавна набавка на работи за изградба на локален пат во село Шутово, Општина Осломеј, со проценета вредност од 2.600.000,00, која е спроведена по барање за прибирање понуди со објавување на оглас.

Добиени се понуди од:
ДПТТУ Агро – Селца, Тетово – (понудена цена без ДДВ – 2.562.901,00 ден. и рок на испорака 10 работни денови)
ДГТУ Бауер БГ, Скопје – (понудена цена без ДДВ – 3.300.360,00 ден. и рок на испорака 18 работни денови)
Кам – Влаши, село Велешта, Струга – (понудена цена без ДДВ – 4.344.553,50 ден. и без наведен рок на испорака)

За најповолна понуда е избрана понудата на ДПТТУ Агро – Селца – Тетово.

- Јавна набавка на работи за изградба на локален пат во село Стрелци, Општина Осломеј, со проценета вредност од 2.500.000,00 денари, која е спроведена по барање за прибирање понуди со објавување на оглас.

Добиени се понуди од:
ДТТПСУУ Линди, село Стрелци, Општина Осломеј – (понудена цена без ДДВ – 2.030.298,50 ден. и рок на испорака од 15 работни денови)
ДГПИ Пелагонија АД Гостивар - (понудена цена без ДДВ - 2.625.496,00 ден. и рок на испорака 10 работни денови)
ДИТ Имако, Гостивар - (понудена цена без ДДВ - 3.182.558,00 ден. и рок на испорака 16 работни денови)
ГМБХ Алпине Бау – Подружница Скопје - (понудена цена без ДДВ - 4.406.857,82 ден. и рок на испорака
10 работни денови)
ДГТУ Бауер БГ, Скопје - (понудена цена без ДДВ - 3.200.508,00 ден. и без наведен рок на испорака).

За најповолна понуда е избрана понудата на ДТТПСУУ Линди, село Стрелци, Општина Осломеј.

- Јавна набавка на работи за изградба на локален пат во село Туин, Општина Осломеј, со проценета вредност од 2.500.000,00 денари, која е спроведена по барање за прибирање понуди со објавување на оглас.

Добиени се понуди од:
ДТТПСУУ Линди, село Стрелци, Општина Осломеј – (понудена цена без ДДВ – 2.031.664,50 ден. и без наведен рок на испорака)
ДИТ Имако, Гостивар – (понудена цена без ДДВ – 3.992.933,00 ден. и рок на испорака 18 работни денови)
ГМБХ Алпине Бау – Подружница Скопје – (понудена цена без ДДВ – 6.036.312,47 ден. и рок на испорака 10 работни денови)
ДГПИ Пелагонија АД Гостивар - (понудена цена без ДДВ - 4.456.291,00 ден. и рок на испорака 20 работни денови).
За најповолна понуда е избрана понудата на ДТТПСУУ Линди, село Стрелци, Општина Осломеј.

- Јавна набавка на стоки, горива за службените моторни возила на Општина Осломеј, со проценета вредност од 600.000,00 денари која е спроведена по барање за прибирање понуди со објавување на оглас. Добиени се понуди од:
ДПТУ Пуцко Петрол, село Ижиште, Македонски Брод - (понудени цени: Евросупер 95 – 69.20,00 ден./литар и Евродизел Д-Е IV – 57.70,00 ден./литар)
АД Макпетрол, Скопје - (Евросупер 95 – 70.50,00 ден./литар и Евродизел Д-Е IV – 59.00,00 ден./литар).

За најповолна понуда е избрана понудата на ДПТУ Пуцко Петрол, село Ижиште, Македонски Брод.

- Јавна набавка на услуги за изработка на урбанистички план за село Аранѓел, Општина Осломеј, со проценета вредност од 300.000,00 денари, која е спроведена по барање за прибирање понуди без објавување на оглас.

Добиени се понуди од:
ДПППИ Архинг Гроуп, Тетово - (понудена цена без ДДВ - 318,600,00 ден)
ДПППИ Ентер Дизајн Дика, Тетово - (понудена цена без ДДВ - 365,000,00 ден)
ДПППИ Арт Проект, Тетово - (понудена цена без ДДВ - 413,000,00 ден).
За најповолна понуда е избрана понудата на ДПППИ Архинг Гроуп, Тетово.

- Јавна набавка на работи за уредување на коритото на реката низ село Црвивци, Општина Осломеј, со проценета вредност од 1.200.000,00 денари, која е спроведена по барање за прибирање понуди со објавување на оглас.

Добиени се понуди од:
ДГТУ Челику, село Црвивци, Општина Осломеј - (понудена цена без ДДВ - понудена цена без ДДВ – 1.151.024,00 ден. и рок на испорака од 12 работни денови)
ДГМП Метална – Тајмишта, Кичево - (понудена цена без ДДВ - 1.142.452,00 ден. и рок на испорака 20 работни денови)
ДИТ Имако, Гостивар - (понудена цена без ДДВ - 1.261.190,00 ден. и рок на испорака 12 работни денови)

За најповолна понуда е избрана понудата на ДГТУ Челику, село Црвивци, Општина Осломеј.

- Јавна набавка на услуги за вршење на стручен надзор за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици на Општина Осломеј, согласно Годишната Програма за патишта за 2010 година, која е спроведена по барање за прибирање понуди без објавување на оглас.

Добиени се понуди од:
ДГПУТ Проарк – Инг, село Зајас, Општина Зајас - (понудена цена во висина од 1,30% од вредноста на инвестицијата)
ДГТСУ Гаронас, село Стрелци, Општина Осломеј - (понудена цена во висина од 1,45% од вредноста на инвестицијата)

За најповолна понуда е избрана понудата на ДГПУТ Проарк – Инг, село Зајас, Општина Зајас.