Мојот советник

Македонски (Macedonian)Albanian-ALTurkish (Turkiye)
Прифатени иницијативи и идеи од Белата листа на приоритети во Општина Гостивар PDF Печати Е-пошта

 


Според расположливите податоци наведени во Белата листа на приоритети на општина Гостивар и во Планот за јавни набавки на општина Гостивар за 2011 година, може да се констатира дека во Планот за јавни набавки за 2011 година се опфатени следните приоритети наведени од учесниците на дебатата одржана на 22.11.2010 година:

 



 

• Склучување на договор со концесионер кој ќе управува со локалните депонии во општина Гостивар

За реализација на овој приоритет во планот за јавни набавки може да се идентификуваат повеќе постапки кои треба да се спроведат во 2011 година, меѓу кои:

II. Договори и рамковни спогодби за јавни набавки на работи

 

Очекуван почеток на постапката (месец)

Проценета вредност на договорот/ рамковната спогодба без ДДВ (денари)

 

Вид на постапка

 

Изградба на депонија

 

Април 2011

 

1.000.000,00

Барање за прибирање понуди со објавување оглас

 

 



 

• Давање приоритет на инфраструктурни проекти кои би се реализирале партнерски со граѓаните, 50% општината, 50% граѓаните

За реализација на овој приоритет во планот за јавни набавки може да се идентификуваат повеќе постапки кои треба да се спроведат во 2011 година, меѓу кои:

III. Договори и рамковни спогодби за јавни набавки на услуги

Очекуван почеток на постапката (месец)

Проценета вредност на договорот/ рамковната спогодба без ДДВ (денари)

 

Вид на постапка

Изработка на техничка документација (идеен и основен проект) за инфраструктурни работи

Април –2011

2.000.000,00

Отворена постапка

 



 

• Санирање на ударните дупки кај месностите викани Циглана и Равче Маало, како и во с. Падалиште,

• Решавање на проблемите со канализацијата и цевките за вода за пиење во с. Долна Бањица.

За реализација на овие приоритети, во планот за јавни набавки може да се идентификуваат повеќе постапки кои треба да се спроведат во 2011 година, меѓу кои:

II. Договори и рамковни спогодби за јавни набавки на работи

 

Очекуван почеток на постапката (месец)

Проценета вредност на договорот/ рамковната спогодба без ДДВ (денари)

 

Вид на постапка

Рамковна спогодба за изградба на улици, тротоари, патеки, паркиралишта, платоа и други урбани површини, изведување на водоводни линии како и фекални и атмосферски канализации

Февруари 2011

66.000.000,00

Отворена постапка

 


Општина Гостивар согласно законската регулатива, може да изврши измени и дополнувања на Буџетот и Планот за јавните набавки за 2011 година и со тоа се отвора можност останатите приоритети од Белата листа кои не се опфатени, да бидат дополнително опфатени и реализирани во 2011 година.