Мојот советник

Македонски (Macedonian)Albanian-ALTurkish (Turkiye)
Јавни набавки во општина Гостивар (01.07.2010-31.12-2010) PDF Печати Е-пошта

Во овој преглед дадени се податоци за реализираните јавни набавки во општина Гостивар, во периодот 01.07.2010- 31.12.2010 година.

 

Податоците се добиени од општина Гостивар, а се содржани во Планот за јавни набавки, донесен на 12.01.2010 година, Годишниот План за јавни набавки од мала вредност донесен на 12.01.2010 година и извештаите за спроведените јавни набавки.

Во општина Гостивар не постои посебен организационен облик за вршење на работите поврзани со јавните набавки, а јавните набавки ги спроведува комисија од редот на вработените во општината.

Во општината генерално се практикуваат два типа на јавни набавки: отворена постапка и постапка со барање за прибирање на понуди. Повремено се практикуваат и набавки чиј вкупен износ месечно не е поголем од 500 евра, во денарска противвредност, без ДДВ, за кои не важи Законот за јавни набавки.

За 2010 година планирано е да се спроведат јавни набавки во вкупна вредност од 183.078.000,00 денари, а за нивна реализација обезбеден е полн износ од буџетот на општината.

 

Во периодот 01.07.2010- 31.12.2010 година, спроведени се 17 јавни набавки:


- Јавна набавка на услуги, одржување на семафорски уреди во општина Гостивар, со проценета вредност од 305.000,00 денари која е спроведена со барање за прибирање понуди без огласување, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ДООЕЛ ЕЛЕКТРО СОФТ Скопје - (понудена цена без ДДВ – 81.187,00 ден.)
ДОО ЕЛИНГ Скопје - (понудена цена без ДДВ – 89.953,00 ден)
ДОО ЕЛТЕК Скопје - (понудена цена без ДДВ – 98.596,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на ДООЕЛ ЕЛЕКТРО СОФТ Скопје.


- Јавна набавка на услуги, информационен систем за управна постапка, претставки и предлози и канцелариско и архивско работење, со проценета вредност на набавката од 305.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без огласување, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
МАКЕДОНСКИ БИЗНИС СИСТЕМИ Скопје - (понудена цена без ДДВ - 231.000,00 ден)
ИНФО СОФТ ИНГ Скопје - (понудена цена без ДДВ - 285.500,00 ден.)
Артистика Дизајн ДООЕЛ - (понудена цена без ДДВ - 288.000,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на МАКЕДОНСКИ БИЗНИС СИСТЕМИ Скопје.


- Јавна набавка на услуги, бојадисување на училници во основното училиште Прпарими во Чегране со проценета вредност од 300.000,00 денари која е спроведена со барање за прибирање понуди без огласување, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ЕСРА КОМПАНИ - (понудена цена без ДДВ - 325.066,00 ден.)
ЛАСТРА ПРОЈЕКТ - (понудена цена без ДДВ - 352.950,00 ден.)
ХАЈРИ БЕГАТОН - (понудена цена без ДДВ - 363.034,00 ден.)


За најповолна понуда е избрана понудата на ЕСРА КОМПАНИ.

 



- Јавна набавка на работи, зaмена на старите оштетени врати со нови врати во основното училиште "Прпарими" во Чегране, со проценета вредност на набавката од 180.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без огласување, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ЕСРА КОМПАНИ - (понудена цена без ДДВ - 170.987,00 ден.)
ХАЈРИ БЕГАТОН - (понудена цена без ДДВ - 180.540,00 ден.)
ЛАСТРА ПРОЈЕКТ - (понудена цена без ДДВ - 198.240,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на ЕСРА КОМПАНИ.


- Јавна набавка на работи, градежни материјали за изградба на изрушениот потпорен ѕид во с. Лакавица со проценета вредност од 190.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без огласување по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
БЕКО ТРАНС - (понудена цена без ДДВ - 156.050,00 ден.)
БЕСЈАН КОМЕРЦ - (понудена цена без ДДВ - 168.210,00 ден.)
ЕУРО ЗИМЕЛ - (понудена цена без ДДВ - 173.070,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на БЕКО ТРАНС.


- Јавна набавка на работи, реновирање и санација на сала за гимнастика, набавка на справи за гимнастика, изведба на постамент за споменик во ОУ "Исмаил Ќемали" – Гостивар, со проценета вредност на набавката од 305.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без огласување, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ЛЕАРТ ПРОЕКТ - (понудена цена без ДДВ - 299.004,00 ден.)
ПОЛИПРОЕКТ ИНГ - (понудена цена без ДДВ - 300.700,00 ден.)
АЛФА УНИОН ПРО ИНГ – (понудена цена без ДДВ - 305.600,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на ЛЕАРТ ПРОЕКТ.

 



- Јавна набавка на стоки, машки получизми за територијалната противпожарна единица на општина Гостивар, со проценета вредност на набавката од 90.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без огласување, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
АЛИ БАБА Гостивар - (понудени цени без ДДВ - 48.000,00 ден.)
ЛУТО КОМЕРЦ - (понудена цена без ДДВ - 63.363,00 ден.)
ТП ФАНТАЗИ КОНТУРА - (понудена цена без ДДВ - 75.520,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на АЛИ БАБА Гостивар.

 



- Јавна набавка на работи, хортикултурно уредување на зелени површини, со проценета вредност на набавката од 305.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без огласување, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
БИО ДЕКОР - (понудена цена без ДДВ - 294.100,00 ден.)
ФОЈА-КО - (понудена цена без ДДВ - 297.765,00 ден)
ПИНАР-СТ - (понудена цена без ДДВ - 300.440,00 ден)

За најповолна понуда е избрана понудата на БИО ДЕКОР.

 


- Јавна набавка на работи, чистење на реката Јахорка во с. Форино, со проценета вредност на набавката од 305.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без огласување по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ХАСАНИ КОМПАНИ - (понудена цена без ДДВ - 300.000,00 ден.)
БЕСЈАН КОМЕРЦ 2002 - (понудена цена без ДДВ - 318.000,00 ден.)
АРБИН КОМПАНИ - (понудена цена без ДДВ - 354.000,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на ХАСАНИ КОМПАНИ.

 


- Јавна набавка на работи, зимско одржување на сообраќајници - локални патишта и улици на подрачјето на општина Гостивар и набавка на индустриска сол, со проценета вредност на набавката од 3.000.000,00 денари, спроведена со барање за прибирање понуди со огласување, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од седум економски оператори, со кои за одделни лотови (делови) се склучени договори за извршување на следните работи:

Арбин Компани АФ - Гостивар - Одржување на сообраќајниците – локалните патишта и улици во зимскиот период во Зона 1 (Северната страна од градот Гостивар во граници од реката Вардар, ул. Беличица, ул. ЈНА со кракови, шеста и седма зона, ул. Борис Кидрич до магистралниот пат М-4, нас. Млаки и с. Дебреше (сите улици низ градот што се во рамките на опишаните граници).

Бал Транс – ДООЕЛ - с. Балиндол, Гостивар - Одржување на сообраќајниците – локалните патишта и улици во зимскиот период во Зона 2 (с.Здуње – с.Лешница – с.Долно Јеловце – с.Горно Јеловце, патот за с.Равен, с.Равен, патот за с.Мирдита, с.Мирдита, патот за с.Вруток, с.Вруток, патот за с.Речане, с.Речане и патот за с. Печково);
- Одржување на сообраќајниците – локалните патишта и улици во зимскиот период во дел од Зона 4 (Краковите на регионалниот пат Р 408 кон село Куново, С.Беловиште с. Лакавица, с.Старо Мало Турчане, с. Мало Тучане с. Стар Балиндол, с. Балиндол, с.Ново Мало Турчане, населбите "Питарница", "Караагач", с.Чајле - старо Чајле)

Магнум Транс – Р – Гостивар - Одржување на сообраќајниците – локалните патишта и улици во зимскиот период во Зона 3 (Ул. Беличица од реката Вардар во правец према Циглана, населбите: Циглана, Фазанерија, Грудајаца, Бањешница, Леска, Дутлок, Горна и Долна Бањица, патот за с.Сушица, патот Гостивар – Бањица, - Долна Ѓоновица – Симница со краковите за с.Митрови Крсти и за с.Горна Ѓоновица)

Бесим Комерц ДООЕЛ – Чегране - Одржување на сообраќајниците – локалните патишта и улици во зимскиот период во дел од Зона 4 (Дел од Зона 4: с. Чегране, патот за с.Корито и пат за с. Тумчевиште од магистралниот пат М4)

ДПТУ Хасан Компани - Гостивар - Одржување на сообраќајниците – локалните патишта и улици во зимскиот период во дел од Зона 4 (Дел од Зона 4: с. Форино)

Лани Транс ДООЕЛ - с. Србиново, Гостивар - Одржување на сообраќајниците – локалните патишта и улици во зимскиот период во Зона 5 (с.Бигор, с.Србиново, с.Страјане, с.Трново, с.Падалиште – Ќафа, с.Железна Река)

Бал Транс – ДООЕЛ - с. Балиндол, Гостивар - набавка на индустриска сол за одржување на локалните патишта и улици во подрачјето на Општина Гостивар во зимски услови – рефус 100 тони. Цената на солта со средство против згрудчување изнесува 3.850,00 денари по тон.

 


- Јавна набавка на стоки, нафта и нафтени деривати за потребите на општина Гостивар и корисниците во склоп на општина Гостивар со проценета вредност на набавката од 1.200.000,00 денари која е спроведена со барање за прибирање понуди со огласување, реализирана како електронска јавна набавка, по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
МАКПЕТРОЛ АД - (понудена цена без ДДВ - 1.194.755,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на МАКПЕТРОЛ АД.

 


- Јавна набавка на стоки, табли со име на улица, плоштад и друг инфраструктурен објект, за потребите на општина Гостивар и општина Врапчиште со проценета вредност на набавката од 937.500,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди со огласување по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
БИЛБОРД МЕДИА ДООЕЛ ГРОУП Скопје - (понудена цена без ДДВ - 725.700,00 ден. рок на испорака од 5 дена)
РАДЕ КОНЧАР КОНТАКТОРИ И РЕЛЕИ Скопје - (понудена цена без ДДВ - 1.473.525,00 ден. рок на испорака од 1 ден)
ВИА СИГНАЛ Скопје - (понудена цена без ДДВ - 1.486.800,00 ден. рок на испорака од 7 дена)

За најповолна понуда е избрана понудата на БИЛБОРД МЕДИА ДООЕЛ ГРОУП Скопје.

 


- Јавна набавка на работи, хортикултурно уредување на зелени површини низ градот, со проценета вредност на набавката од 1.000.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди со огласување по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ЈП КОМУНАЛЕЦ ГОСТИВАР - (понудена цена без ДДВ - 501.800,00 ден.)
ПИНАР-С - (понудена цена без ДДВ - 1.135.500,00 ден.)
БИО ДЕКОР - (понудена цена без ДДВ - 772.250,00 ден.)
ЏАФЕРИ ГАРТЕН БАУ - (понудена цена без ДДВ - 653.880,00 ден.)
ЕКО РАСТ - (понудена цена без ДДВ - 1.102.500,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на ЈП КОМУНАЛЕЦ ГОСТИВАР.

 


- Јавна набавка на услуги, Агенција за привремени вработувања за потребите на општина Гостивар за 2011 год, со проценета вредност на набавката од 6.000.000,00 денари, која е спроведена со отворена постапка по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
АПВ АКСИОС ВАРДАР Гостивар - (понудена цена без ДДВ - 0,45% од бруто платите на вработените)
АПВ МОТИВИ Скопје - (понудена цена без ДДВ - 0,5% од бруто платите на вработените)
АПВ КОНТАКТ БИЗНИС Скопје - (понудена цена без ДДВ - 0,85% од бруто платите на вработените)
ПАРТНЕР Скопје - (понудена цена без ДДВ - 7% од бруто платите на вработените)
АПВ СИПД Скопје - (понудена цена без ДДВ - 9% од бруто платите на вработените)

За најповолна понуда е избрана понудата на АПВ АКСИОС ВАРДАР Гостивар.

 


- Јавна набавка на стоки, дрва за греење на основните и средните училишта за 2011 год, со проценета вредност на набавката од 1.800.000,00 денари, која е спроведена со отворена постапка по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ТД МАЛСИА –ИГ ДООЕЛ - (понудена цена без ДДВ - 3.382,00 ДЕН/М3)

За најповолна понуда е избрана понудата на ТД МАЛСИА –ИГ ДООЕЛ.

 


- Јавна набавка на услуги, превоз на учениците на основните, средните училишта и на вработените на општина Гостивар за 2011 година, со проценета вредност на набавката од 50.393.979,00 денари, која е спроведена со отворена постапка по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ДУРМО ТУРС ДУРМИШ ДООЕЛ - (понудена цена без ДДВ за дел од 8.202.857,00 ден. и вкупно понудена цена од 37.906.200,00 ден.)
ЧЕТУРИСТ ДООЕЛ - (понудена цена без ДДВ за дел од 11.683.980,00 ден. без вкупно понудена цена)
ГОСТИВАР ЕКСПРЕС ДООЕЛ - (понудена цена без ДДВ за дел од 11.692.296,00 ден. и вкупно понудена цена од 62.790.256,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на ДУРМО ТУРС ДУРМИШ ДООЕЛ.

 


- Јавна набавка на работи, реновирање на училници во основното училиште "Башкими" и во средното општинско училиште "Гостивар" (медицина)", со проценета вредност на набавката од 290.000,00 денари, која е спроведена со барање за прибирање понуди без огласување по одлука за јавна набавка.

Добиени се понуди од:
ЕУРО ЗИМЕЛ - (понудена цена без ДДВ - 242.162,00 ден.)
БЕКО ТРАНС - (понудена цена без ДДВ - 259.444,00 ден.)
РОСТФРАЈ СТИЛ - (понудена цена без ДДВ - 261.300,00 ден.)

За најповолна понуда е избрана понудата на ЕУРО ЗИМЕЛ.