Мојот советник

Македонски (Macedonian)Albanian-ALTurkish (Turkiye)
Бела листа на приоритети - Осломеј PDF Печати Е-пошта

Почитувани,

На дебатата која се одржа на 11.11.2010 во општина Осломеј беа присутни граѓани, советници, претседатели на месни заедници и претставници на РЕК Осломеј. Дебатата се одржа во ресторан "Шпенди" во село Црвевци. Истата помина во конструктивна атмосфера која произведе низа приоритети кои Советот на општина Осломеј ќе ги дебатира на седницата наменета за донесување на општинскиот буџет за следната година.


ПРИОРИТЕТИ

• Како приоритет број еден во општината Осломеј кој треба да се реши е проблемот со загадувањето предизвикано од РЕК Осломеј, т.е. пепелиштето кое се депонира над комбинатот. Претставниците на РЕК Осломеј ја објаснија методологијата за решавање на овој проблем кој би требало да заврши во рок од една година;

• Во село Жубрино да се исчисти каналот и истиот да се одржува. Селото има потреба од решавање на проблемот со улиците;

• Во село Гарани да се асфалтираат улиците;

• Со средства од Светска банка да се интервенира во селата Жубрино и Поповјани за решавање на проблемот со канализацијата и водоснабдувањето;

• Во селото Премка приоритет е решавање на фекалната канализација;

• Праксата на организирано водење на деца од општината на планина да продолжи и во наредната година со зголемување на бројот на децата;

• Општина Осломеј да превземе конкретни мерки за привлекување на инвестиции за да се намали невработеноста во општината. За таа цел, да се изврши урбанизирање на економска (индустриска) зона во општина Осломеј (кај село Црвевци);

• Реконструкција и обезбедување на парно греење во училиштата на територија на целата општина. Во село Србица да се изгради училиште со помош на донации од дијаспората. Тука е основано првото училиште на албански јазик во Македонија;

• Патот Шутово – Стрелци да се реконструира, особено во село Стрелци да се изврши асфалтирање на улиците;

• Во село Шутово во основното училиште да се обезбеди парно греење;

• Да се организира јавен превоз во општината;

• Да се изработи студија во соработка со општина Кичево за изградба на колектор и пречистителна станица за фекалната канализација.