Мојот советник

Македонски (Macedonian)Albanian-ALTurkish (Turkiye)
Бела листа на приоритети - Могила PDF Печати Е-пошта

Почитувани,

На дебатата која се одржа на 10.11.2010 во општина Могила беа присутни граѓани, Градоначалникот, советници, претседатели на месни заедници. Дебатата се одржа во зградата на општина Могила. Истата помина во конструктивна атмосфера која произведе низа приоритети кои Советот на општина Могила ќе ги дебатира на седницата наменета за донесување на општинскиот буџет за следната година.


ПРИОРИТЕТИ

• Обезбедување на водоводен приклучок до сите куќи во населено место Могила;

• Во населените места Мусинци и Свето Тодори да се реши проблемот со водоводот и водата за пиење;

• Општина Могила, во соработка со ЕВН која треба да обезбеди електрична струја за пумпната станица, да го реши проблемот со водоводот во село Подино;

• Во наредната година со средства од Светска банка се планира да се реализира проект за замена на уличното осветлување со штедливи светилки со што ќе се влијае врз заштедување на средства од буџетот;

• Етапно санирање на патиштата раскопани за потребите на канализацијата;

• Асфалтирање на улиците низ населените места во општината, а полските патишта ќе се решаваат со самопридонес и донации;

• Општината предвидува со средства од буџетот и од Светска банка да интервенира на неколку патни правци: Радобор – Чарлија (Горна, Долна), Добрушево – Новаци, Црничани – Путурус, Беранци – Српци;

• Изградба на детски игралишта и зелени површини во општина Могила;

• Обезбедување на парно греење во училиштето во село Добрушево, реновирање на училиштето во село Трновци како и реконструкција на училиштата во општина Могила.