Мојот советник

Македонски (Macedonian)Albanian-ALTurkish (Turkiye)
Бела листа на приоритети - Крива Паланка PDF Печати Е-пошта

Почитувани,

На дебатата која се одржа на 24.11.2010 во општина Крива Паланка беа присутни граѓани, Градоначалникот, советници, претседатели на месни заедници, претставници на граѓанскиот сектор. Дебатата се одржа во зградата на општина Крива Паланка. Истата помина во конструктивна атмосфера која произведе низа приоритети кои Советот на општина Крива Паланка ќе ги дебатира на седницата наменета за донесување на општинскиот буџет за следната година.


ПРИОРИТЕТИ

• Започнување на конкретни активности за естетско разубавување на центарот на градот, поконкретно, градскиот плоштад и сливот на реката Дурачка во Крива Река, со цел да се направи атрактивен локалитет;

• Рушење и преадаптација на дел од каскадите на Крива Река кои го попречуваат природното мрестење на рибите, дел од оваа активност треба да се изведе заеднички со општина Кратово;

• Преземање конкретни активности околу преадаптација на полициската станица во село Дубровница во Старечки дом;

• Започнување со изградба на нова спортска сала во партнерство со Агенцијата за млади и спорт;

• Замена на азбестните цевки на дел од водоводната мрежа со нови;

• Реконструкција на канализационата мрежа;

• Завршување на изработката на основниот проект за гасификација на Крива Паланка. Евентуално започнување на проектот доколку се најде инвеститор кој би го изработил врз основа на принципот на јавно – приватно партнерство;

• Асфалтирање и пренаменување на улицата позади хотел "Турист" во еднонасочна, за да може едната страна да се користи за паркирање на возила. Обезбедување на локација позади "My market" и негова преадаптација во паркинг простор; отворање на нови паркиралишта на заеднички утврдени локации со граѓаните;

• Нова регулација на сообраќајот во центарот на градот, како би се зголемила функционалноста и би се подобрило движењето на возилата и пешаците;

• Финансирање на спортот на локално ниво во согласност со одредени критериуми и во зависност од резултатите;

• Изработка на хералдичка студија со цел дизајнирање на награди и признанија, симболи и сл.;

• Развивање на прекугранична соработка со општина Банско во областа на трасирање на потенцијални скијачки патеки на територијата на општината;

• Заокружување на регулацијата на Дурачка река;

• Изработка на урбанистички план за десниот брег на градот, чиј плански развој досега беше стопиран поради недефинираната траса на новата железница;

• Изградба на зграда за потребите на автобуската станица во Крива Паланка.