Мојот советник

Македонски (Macedonian)Albanian-ALTurkish (Turkiye)
Бела листа на приоритети - Дебарца PDF Печати Е-пошта

Почитувани,

На дебатата која се одржа на 02.12.2010 во општина Дебарца беа присутни граѓани, Градоначалникот, секретарот на општината, советници и претседатели на месни заедници. Дебатата се одржа во зградата на основното училиште "Дебарца" во с. Белчишта. Истата помина во конструктивна атмосфера која произведе низа приоритети кои Советот на општина Дебарца ќе ги дебатира на седницата наменета за донесување на општинскиот буџет за следната година.

 

ПРИОРИТЕТИ

• Асфалтирање на патиштата во селата во Горна Дебарца;

• Помош од општината при посредување за покривање на Горна Дебарца со сигнал од А1 телевизија;

• Решавање на водоснабдувањето, водоводот, канализацијата и чистење на каналите во с. Издеглавје со помош на средства од Владата, странски фондови и самопомош на жителите,

• Санирање на ударните дупки на патниот правец Арбиново – Починка како и на приклучните патишта;

• Реновирање на салата за состаноци во с. Злести;

• Превземање на конкретни мерки од страна на општината за привлекување на инвестиции преку откажување од приходите кои и следуваат. За следната година се потврдени следните инвестиции: изградба на 3 мини хидроцентрали и отворање на свињарска фарма и кланица;

• Решавање на водоводот во с. Велмеј;

• Изградба на спортски терени (игралишта) во селата Требеништа, Оровник и Белчишта преку проект на USAID;

• Општина Дебарца да обезбеди техничка помош при изработка на документација за формирање на водни заедници од страна на жителите на општината;

• Одржување на јавната чистота и редовно отстранување на снегот од патните правци низ општината;

• Поголема активност на општината во однос на обезбедување на финансиска помош од странство преку проекти и кредитни линии.