Мојот советник

Македонски (Macedonian)Albanian-ALTurkish (Turkiye)
Бела листа на приоритети - Штип PDF Печати Е-пошта

Почитувани,

На дебатата која се одржа на 07.12.2010 во општина Штип беа присутни граѓани, советници и претседатели на месни заедници и претставници на општинската администрација. Дебатата се одржа во зградата на општина Штип. Истата помина во конструктивна атмосфера која произведе низа приоритети кои Советот на општина Штип ќе ги дебатира на седницата наменета за донесување на општинскиот буџет за следната година.


ПРИОРИТЕТИ

• Изградба на брана на реката Отиња, уредување на кејот на реката Отиња; поставување на платформа за паркинг простор во соработка со Макпромет преку принципот на јавно – приватно партнерство;

• Враќање на сјајот на Домот за млади во Штип;

• Реконструкција на следните улици: Васко Доганџиски, Сутјеска, Вардарска, Кежовица, Христијан Тодоровски – Карпош, Маршал Тито, Васил Главинов, Борка Талевски, Миле Поп – Јорданов, како и реконструкција на улиците околу месноста Суитлак;

• Приклучување на населбите Чардаклија, Македонка и Балканска на главниот водовод и решавање на проблемот со водоводната станица во населба Пребек;

• Отпочнување на постапката за приклучување на населбата Чардаклија на канализационо – колекторскиот систем, решавање на имотно – правните односи;

• Замена на старата коцка со асфалт на сите места во центарот на градот; искористување на старата коцка за поплочување на неасфалтирани патишта на територијата на општината;

• Поставување на нови контејнери пред секоја зграда во населба Пребек, формирање на еколошки острови за распределба на отпад за рециклирање во населбите Пребек, Сењак и 8ми Ноември;

• Поставување на нови семафори и замена на прегорените сијалици со нови, како и регулирање на максималната дозволена брзина на булеварот;

• Решавање на проблемот со јавниот превоз;

• Урбанизација на населба Железничка.