Мојот советник

Македонски (Macedonian)Albanian-ALTurkish (Turkiye)
Бела листа на приоритети - Гостивар PDF Печати Е-пошта

Почитувани,

На дебатата која се одржа на 22.11.2010 во општина Гостивар беа присутни граѓани, секретарот на општината, советници и претседатели на месни заедници. Дебатата се одржа во зградата на општина Гостивар. Истата помина во конструктивна атмосфера која произведе низа приоритети кои Советот на општина Гостивар ќе ги дебатира на седницата наменета за донесување на општинскиот буџет за следната година.


ПРИОРИТЕТИ

• Склучување на договор со концесионер кој ќе управува со локалните депонии во општина Гостивар. Истиот концесионер ќе управува и со депонијата Русино како регионална депонија. Овој проект ќе се реализира со помош на Центарот за развој на полошкиот плански регион во Тетово. Концесионерот ќе биде задолжен и за реконструкција и одржување на локалните патишта кои водат до депонијата Русино;

• Изнаоѓање на привремено решение околу проблемот со пречистителната станица преку поставување на филтри, директно на изворите за вода, сé до комплетна изградба на пречистителната станица;

• Давање приоритет на инфраструктурни проекти кои би се реализирале партнерски со граѓаните, 50% општината, 50% граѓаните (во селата Речане, Сушица, Мало Турчане, Железна Река како и населеното место Џамит Маало);

• Зголемување на буџетот за инфраструктурни инвестиции за следната година;

• Зголемување на хигиената во општината;

• Отпочнување на проект за рурален туризам на територија на општина Гостивар; доколку дојде до реализација на овој проект ќе се асфалтираат голем број на патишта во селата на територија на општина Гостивар;

• Зголемување на материјалната помош за социјално загрозените семејства во општината;

• Санирање на ударните дупки кај месностите викани Циглана и Равче Маало, како и во с. Падалиште;

• Решавање на проблемите со канализацијата и цевките за вода за пиење во с. Долна Бањица.