Мојот советник

Македонски (Macedonian)Albanian-ALTurkish (Turkiye)
Бела книга на приоритети – Гостивар PDF Печати Е-пошта
GostivarBelaKnigaВо рамките на проектот "Одговорна, кооперативна и транспарентна локална самоуправа", на 22.11.2010 во општина Гостивар се одржа дебата помеѓу граѓаните од општината и претставници на општинската администрација. Оваа активност од проектот се нарекува "Бела книга на приоритети" и има за цел граѓаните и претставниците на општинската администрација да дебатираат за можните решенија на проблемите кои ги засегаат граѓаните. Дебатата треба да продуцира и одредени предлози кои би влијаеле врз подобрувањето на секојдневниот живот на граѓаните.
Во исто време оваа дебата претставува механизам за директно граѓанско влијание врз креирањето на општинскиот буџет преку одредување на приоритети за наредната година кои со помош на истиот би се реализирале.
На дебатата беа присутни граѓани, советници и претседатели на месни заедници. Дебатата се одржа во зградата на општина Гостивар. Истата помина во конструктивна атмосфера која произведе низа приоритети кои Советот на општина Гостивар ќе ги дебатира на седницата наменета за донесување на општинскиот буџет за наредната година.
Приоритетите произлезени од дебатата ќе бидат испечатени и дистрибуирани до сите учесници и граѓани на општината како и до општинската администрација.