Мојот советник

Македонски (Macedonian)Albanian-ALTurkish (Turkiye)
Бела книга на приоритети - Осломеј PDF Печати Е-пошта

oslomej bela knigaВо рамките на проектот "Одговорна, кооперативна и транспарентна локална самоуправа", на 11.11.2010 во општина Осломеј се одржа дебата помеѓу граѓаните од општината и претставници на општинската администрација. Оваа активност од проектот се нарекува "Бела книга на приоритети" и има за цел граѓаните и претставниците на општинската администрација да дебатираат за можните решенија на проблемите кои ги засегаат граѓаните. Дебатата треба да продуцира и одредени предлози кои би влијаеле врз подобрувањето на секојдневниот живот на граѓаните.
Во исто време оваа дебата претставува механизам за директно граѓанско влијание врз креирањето на општинскиот буџет преку одредување на приоритети за наредната година кои со помош на истиот би се реализирале.
На дебатата беа присутни граѓани, советници и претседатели на месни заедници. Дебатата се одржа во ресторан Шпензи село Црвевци. Истата помина во конструктивна атмосфера која произведе низа приоритети кои Советот на општина Осломеј ќе ги дебатира на седницата наменета за донесување на општинскиот буџет за наредната година.
Приоритетите произлезени од дебатата ќе бидат испечатени и дистрибуирани до сите учесници и граѓани на општината како и до општинската администрација.