Мојот советник

Македонски (Macedonian)Albanian-ALTurkish (Turkiye)
Штип

За општина Штип, Советот и членовите на Советот

Општина Штип е единица на локалната самоуправа во која граѓаните го остваруваат своето уставно загарантирано право на локална самоуправа. Нејзините надлежности произлегуваат од Уставот на Република Македонија, Законот за локална самоуправа, како и од други закони.

Територијата на општина Штип ги опфаќа следните населени места: градот Штип и селата: Балталија, Брест, Врсаково, Горачино, Доброшани, Долани, Драгоево, Едеклерци, Калапетровци, Кошево, Криви Дол, Јамуларци, Лакавица, Лесковица, Липов Дол, Љуботен, Ново Село, Никоман, Пенуш, Пиперово, Почивало, Пухче, Сарчиево, Скандалци, Селце, Софилари, Стар Караорман, Степанци, Суво Грло, Судик, Сушево, Танатарци, Тестамелци, Топлик, Три Чешми, Хаџи Хамзали, Хаџи Реџепли, Хаџи Сејдели, Црешка, Чардаклија, Чифлик, Шашаварлија и Шопур.

Според податоците од Министерството за Локална самоуправа, општина Штип има 47.796 жиели, од кои најголем дел 87,18% се Македонци, 4,59% се Роми, 4,34% се Власи, 2,66% се Турци. Општината Штип покрива површина од 583,24 км2.
Седиштето на општината е во градот Штип.

Празник на Општината е 8 ноември - Ден на ослободувањето на Штип во 1944 година.

Статутот на општина Штип ги одредува: организацијата и работењето на органите на општината, организацијата и работењето на комисиите на советот; начинот на информирање на граѓаните и слободен пристап до информациите од јавен карактер; начинот и постапката за доставување претставки и предлози за работата на органите на општината и постапување по нив; начинот на организирање јавни трибини, спроведување анкети и прибирање предлози од граѓаните; начинот на објавување на прописите на Советот, месната самоуправа (урбана заедница), начинот и постапката за утврдување на грбот и знамето на Општината како и други прашања од значење за Општината.

Со општината раководи градоначалникот д-р Зоран Алексов, кој со тајно гласање, на непосредни и слободни локални избори, одржани на 22 март 2009 година, по прв пат е избран на оваа функција. Неговиот мандат е 4 години.

Советот на општината е претставнички орган на граѓаните кој го сочинуваат 23 членови со мандат од 4 години.
Од своите редови, членовите ја избраа Сузана Николовска за претседател на Советот на општина Штип.

Овој состав на Советот на општина Штип е избран на непосредни и слободни локални избори, со тајно гласање, одржани на 22 март 2009 година. Членовите на Советот се избрани врз основа на пропорционален модел, со затворена листа на кандидати (што значи се гласа за листа, а не за еден кандидат), во времетраење од четири години. Пресметувањето на мандатите од кандидатските листи се врши по Донтовиот модел.

Организацијата и работата на Советот на општина Штип и комисиите се определени со Деловникот на Советот на општина Штип.

Права и должности на членовите на Советот според Деловникот

  • Членовите на Советот имаат право и должност да присуствуваат и да учествуваат во работата на Советот и на неговите постојани и повремени комисии;
  • Членовите на Советот кои се спречени да присуствуваат на седниците на Советот должни се за тоа навреме да го известат претседателот на Советот;
  • За присуство на членовите на Советот на седниците се води евиденционен лист. Евиденциониот лист за присуство на членовите на Советот го води општинската администрација;
  • Членовите на Советот имаат право на седницата на Советот да даваат иницијативи и предлози;
  • Членовите на Советот на седницата на Советот имаат право да му поставуваат на градоначалникот прашања од неговата надлежност;
  • Членовите на Советот не може да бидат повикани на кривична одговорност или да бидат притворени за искажано мислење или за гласање во Советот;
  • Членовите на Советот имаат право на надоместок за присуство на седници и надоместок на патни и дневни трошоци во рамки утврдени со Закон. Висината на процентот на надоместокот се определува со посебна одлука на Советот;
  • Членовите на Советот имаат право да бидат информирани за работата на Советот и за работата на комисиите на Советот; 
  • Членовите на Советот имаат право во врска со извршувањето на својата функција да бараат стручна помош од општинската администрација по прашања од надлежност на Советот; 
  • Членовите на Советот имаат право преку Советот да бараат податоци од јавните служби, установи и претпријатија кои ги основа Советот, кои им се потребни за извршување на нивната функција;
  • Членовите на Советот се должени да чуваат државна, службена и деловна тајна.

Мандатот на членовите на Советот престанува или може да им биде одземен само во случаите утврдени со Законот за локална самоуправа:

  • ако поднесе оставка;
  • во случај на смрт;
  • ако е осуден со правосилна пресуда за кривично дело на казна затвор во траење од над шест месеци;
  • ако настапи случај на неспојливост со функцијата член на Советот согласно со Законот за локалните избори;
  • ако со правосилно решение биде лишен од деловна способност, и

ако престане да биде жител на општината.

Во текот на својот мандат ...

...Членовите на Советот може да се сретнат со граѓаните, со претставници и членови на граѓански организации, со претставници на медиумите, може да одговараат на пораки и телефонски јавувања, да ги подготват своите материјали и излагања за седниците на Советот и работните тела.

Работни тела на Советот на општина Штип

Советот на општина Штип формира комисии за претресување на прашања од надлежност на Советот. Комисиите расправаат за прашања од областа за која се формирани, даваат мислења и предлози до Советот и ги разгледуваат предлозите на Градоначалникот, членовите на Советот и иницијативите на граѓаните.

Според Статутот на општина Штип комисиите на Советот се формираат како повремени и постојани. Комисиите се составени од пет члена на Советот.
Повремените комисии се формираат по потреба. Составот и времетраењето на мандатот на повремените комисии се определува со Одлуката за нивното формирање.

Како постојани комисии на Советот се формирани:

  • Комисија за финансирање, буџет и локален економски развој;
  • Комисија за урбанизам, комунални дејности, заштита на животната средина;
  • Комисија за општествени дејности;
  • Комисија за Статут и прописи;
  • Комисија за социјални работи и здравство;
  • Комисија за култура;
  • Комисија за образование;
  • Комисија за еднакви можности;
  • Комисија за правата на детето;
  • Комисија за мандатни прашања, избор и именувања.

Мандатот на овие комисии е ист со мандатот на членовите на Советот.

Како повремени комисии на Советот се формирани:

  • Комисија за спорт;
  • Комисија за унапредување на правата на пациентите;
  • Комисија за процена на штети;
  • Комисија за контрола на наплатата и употребата на средствата од самопридонесот;
  • Комисија за ментално здравје.

Општината Штип има формирано Совет за заштита на потрошувачите, кој е составен од седум члена, од кои три члена се избираат од редот на правните лица и четири члена од редот на физичките лица, како корисници на услугите што ги даваат јавните служби.

Исто така општина Штип има формирано и Партиципативно тело за просторно и урбанистичко планирање.
Членовите на ова тело се избираат од:
- од редот на членовите на Советот;
- по предлог на облиците на месна самоуправа;
- по предлог на здруженијата на граѓани;
- здруженија на стручни лица од областа на урбанизмот, и
- од општинската администрација.

Според Законот за локална самоуправа, седници на Советот се свикуваат по потреба, но најмалку еднаш на три месеци.

Советот на општина Штип во периодот јануари – јуни 2010 година има одржано 6 седници на кои биле поставени вкупно 125 точки на дневниот ред, вклучувајќи ги и разгледувањата на записниците од претходно одржаните седници.

Вкупниот број на денови во кои се одржувале седници на Советот на општина Штип, во овој период, е 6.



Прифатени иницијативи и идеи од Белата листа на приоритети во општина Штип PDF Печати Е-пошта

Според податоци наведени во Белата листа на приоритети на општина Штип и во Планот за јавни набавки на општина Штип за 2011 година, може да се констатира дека во Планот за јавни набавки за 2011 година се опфатени следните иницијативи и идеи наведени од учесници на дебатата:

 


• Изградба на брана на реката Отиња, уредување на кејот на реката Отиња; поставување на платформа за паркинг простор во соработка со Макпромет преку принципот на јавно – приватно партнерство

За реализација на овие приоритети во планот за јавни набавки може да се идентификуваат повеќе постапки кои треба да се спроведат во 2011 година, меѓу кои:

 

III. Договори и рамковни спогодби за јавна набавка на работи

 

Очекуван почеток на постапката (месец)

Проценета вредност на договорот/ рамковната спогодба без ДДВ (денари)

 

Вид на постапка

Уредување на речното корито на р.Отиња

 

Август 2011

 

36.825.433,00

 

Отворена постапка

Изградба на мостови-паркинзи на р.Отиња

 

Август 2011

 

47.609.756,00

 

Отворена постапка

Санација на постојните мостови на р.Отиња

 

Јули 2011

 

3.388.736,40

 

Отворена постапка

 



• Отпочнување на постапката за приклучување на населбата Чардаклија на канализационо – колекторскиот систем, решавање на имотно – правните односи

За реализација на овој приоритет во планот за јавни набавки може да се идентификуваат повеќе постапки кои треба да се спроведат во 2011 година, меѓу кои:

 

III. Договори и рамковни спогодби за јавна набавка на работи

 

Очекуван почеток на постапката (месец)

Проценета вредност на договорот/ рамковната спогодба без ДДВ (денари)

 

 

Вид на постапка

Изградба на канализација во населба Чардаклија

 

Февруари 2011

 

7.000.000,00

 

Отворена постапка

 

Општина Штип согласно законската регулатива, може да изврши измени и дополнувања на Буџетот и Планот за јавните набавки за 2011 година и со тоа се отвора можност останатите приоритети од Белата листа, кои не се опфатени, да бидат дополнително опфатени и реализирани во 2011 година.

 
Бела листа на приоритети - Штип PDF Печати Е-пошта

Почитувани,

На дебатата која се одржа на 07.12.2010 во општина Штип беа присутни граѓани, советници и претседатели на месни заедници и претставници на општинската администрација. Дебатата се одржа во зградата на општина Штип. Истата помина во конструктивна атмосфера која произведе низа приоритети кои Советот на општина Штип ќе ги дебатира на седницата наменета за донесување на општинскиот буџет за следната година.


ПРИОРИТЕТИ

• Изградба на брана на реката Отиња, уредување на кејот на реката Отиња; поставување на платформа за паркинг простор во соработка со Макпромет преку принципот на јавно – приватно партнерство;

• Враќање на сјајот на Домот за млади во Штип;

• Реконструкција на следните улици: Васко Доганџиски, Сутјеска, Вардарска, Кежовица, Христијан Тодоровски – Карпош, Маршал Тито, Васил Главинов, Борка Талевски, Миле Поп – Јорданов, како и реконструкција на улиците околу месноста Суитлак;

• Приклучување на населбите Чардаклија, Македонка и Балканска на главниот водовод и решавање на проблемот со водоводната станица во населба Пребек;

• Отпочнување на постапката за приклучување на населбата Чардаклија на канализационо – колекторскиот систем, решавање на имотно – правните односи;

• Замена на старата коцка со асфалт на сите места во центарот на градот; искористување на старата коцка за поплочување на неасфалтирани патишта на територијата на општината;

• Поставување на нови контејнери пред секоја зграда во населба Пребек, формирање на еколошки острови за распределба на отпад за рециклирање во населбите Пребек, Сењак и 8ми Ноември;

• Поставување на нови семафори и замена на прегорените сијалици со нови, како и регулирање на максималната дозволена брзина на булеварот;

• Решавање на проблемот со јавниот превоз;

• Урбанизација на населба Железничка.

 
Бела книга на приоритети - Штип PDF Печати Е-пошта
stip bela knigaВо рамките на проектот "Одговорна, кооперативна и транспарентна локална самоуправа", на 07.12.2010 во општина Штип се одржа дебата помеѓу граѓаните од општината и претставници на општинската администрација. Оваа активност од проектот се нарекува "Бела книга на приоритети" и има за цел граѓаните и претставниците на општинската администрација да дебатираат за можните решенија на проблемите кои ги засегаат граѓаните. Дебатата треба да продуцира и одредени предлози кои би влијаеле врз подобрувањето на секојдневниот живот на граѓаните.
Во исто време оваа дебата претставува механизам за директно граѓанско влијание врз креирањето на општинскиот буџет преку одредување на приоритети за наредната година кои со помош на истиот би се реализирале.
На дебатата беа присутни граѓани, советници, претставници на општинската администрација и претседатели на месни заедници. Дебатата се одржа во зградата на општина Штип. Истата помина во конструктивна атмосфера која произведе низа приоритети кои Советот на општина Штип ќе ги дебатира на седницата наменета за донесување на општинскиот буџет за наредната година.

stip bela kniga1Приоритетите произлезени од дебатата ќе бидат испечатени и дистрибуирани до сите учесници и
граѓани на општината како и до општинската администрација.
 
Цвета Давиткова PDF Печати Е-пошта
cveta davitkova

 

 

Родена е на 05.09.1953 година во Штип. Дипломирала на Вишата школа за социјална работа и вработена е како социјален работник во ЈЗУ Клиничка болница. Ова е нејзин втор мандат како член на Советот на општина Штип. Зборува англиски јазик.

Член е на следните комисии:
• Комисија за социјални работи и здравство;
• Комисија за правата на детето;
• Комисија за општествени дејности

Член е на Партиципативното тело од областа на урбанизмот и просторното планирање.

 

 

 


 

јули - декември 2010

Советот на општина Штип во периодот јули - декември 2010 година има одржано 9 седници на кои биле поставени вкупно 130 точки на дневниот ред, вклучувајќи ги и разгледувањата на записниците од претходно одржаните седници.

Вкупниот број на денови во кои се одржувале седници на Советот на општина Штип, во овој период, е 9.

Број на присуства

61

Број на отсуства (оправдани/неоправдани)

22

02

Број на излагања

37

Гласања Г1/гласал

23

Гласања Г1/ не гласал

02

Поднесени иницијативи

0

Поднесени прашања до Градоначалникот

0

1 Поради неможност да се одреди кои членови на Советот биле присутни/ отсутни според податоците дадени во записникот, присуството/ отсуството од дваесет и третата седница на Советот не е земено предвид во табелата.
2 Погледни забелешка 1.
3 Податоците се нецелосни поради неможност од добиените записници да се утврди бројот на присутни/ отсутни членови на Советот во моментот на гласањето по одредени точки на седниците.


 

јануари – јуни 2010

Советот на општина Штип во периодот јануари – јуни 2010 година има одржано 6 седници на кои биле поставени вкупно 125 точки на дневниот ред, вклучувајќи ги и разгледувањата на записниците од претходно одржаните седници.

Вкупниот број на денови во кои се одржувале седници на Советот на општина Штип, во овој период, е 6.

Број на присуства

4*

Број на отсуства (оправдани/неоправдани)

0**

0**

Број на излагања

12

Гласања Г1/гласал

22***

Гласања Г1/ не гласал

0***

Поднесени иницијативи

0

Поднесени прашања до Градоначалникот

0

* Поради неможност да се одреди кои членови на Советот биле присутни/ отсутни според податоците дадени во записниcниците, присуството/ отсуството од шеснаесетта и седумнаесетта седница на Советот не е земено предвид во табелата.
** Погледни забелешка *.
*** Податоците се нецелосни поради неможност од добиените записници да се утврди бројот на присутни/ отсутни членови на Советот во моментот на гласањето по одредени точки на седниците.

 
Тони Вацев PDF Печати Е-пошта
toni vacev

 

 

Роден е на 04.01.1959 година во Штип. Дипломирал на Градежниот факултет и вработен е во "Јаглемезлер" ДООЕЛ. Ова е негов прв мандат како член на Советот на општина Штип. Зборува англиски јазик.

Член е на следните комисии:
• Комисија за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина;
• Комисија за контрола на наплатата и употребата на средствата од самопридонесот;

Член е на Партиципативното тело од областа на урбанизмот и просторното планирање.

 

 


 

јули - декември 2010

Советот на општина Штип во периодот јули - декември 2010 година има одржано 9 седници на кои биле поставени вкупно 130 точки на дневниот ред, вклучувајќи ги и разгледувањата на записниците од претходно одржаните седници.

Вкупниот број на денови во кои се одржувале седници на Советот на општина Штип, во овој период, е 9.

Број на присуства

81

Број на отсуства (оправдани/неоправдани)

02

02

Број на излагања

37

Гласања Г1/гласал

33

Гласања Г1/ не гласал

02

Поднесени иницијативи

0

Поднесени прашања до Градоначалникот

4

1 Поради неможност да се одреди кои членови на Советот биле присутни/ отсутни според податоците дадени во записникот, присуството/ отсуството од дваесет и третата седница на Советот не е земено предвид во табелата.
2 Погледни забелешка 1.
3 Податоците се нецелосни поради неможност од добиените записници да се утврди бројот на присутни/ отсутни членови на Советот во моментот на гласањето по одредени точки на седниците.


 

јануари – јуни 2010

 

Советот на општина Штип во периодот јануари – јуни 2010 година има одржано 6 седници на кои биле поставени вкупно 125 точки на дневниот ред, вклучувајќи ги и разгледувањата на записниците од претходно одржаните седници.

Вкупниот број на денови во кои се одржувале седници на Советот на општина Штип, во овој период, е 6.

Број на присуства

4*

Број на отсуства (оправдани/неоправдани)

0**

0**

Број на излагања

35

Гласања Г1/гласал

22***

Гласања Г1/ не гласал

0***

Поднесени иницијативи

0

Поднесени прашања до Градоначалникот

3

* Поради неможност да се одреди кои членови на Советот биле присутни/ отсутни според податоците дадени во записниcниците, присуството/ отсуството од шеснаесетта и седумнаесетта седница на Советот не е земено предвид во табелата.
** Погледни забелешка *.
*** Податоците се нецелосни поради неможност од добиените записници да се утврди бројот на присутни/ отсутни членови на Советот во моментот на гласањето по одредени точки на седниците.

 


Страница 1 од 7