Мојот советник

Македонски (Macedonian)Albanian-ALTurkish (Turkiye)
Осломеј

За општина Осломеј, Советот и членовите на Советот

Општина Осломеј е единица на локалната самоуправа во која граѓаните го остваруваат своето уставно загарантирано право на локална самоуправа. Нејзините надлежности произлегуваат од Уставот на Република Македонија, Законот за локална самоуправа, како и од други закони.

Територијата на општина Осломеј ги опфаќа следниве населени места: Арангел, Бериково, Гарани, Жубрино, Јагол, Јагол Доленци, Ново Село, Осломеј, Папрадиште, Поповјани, Премка, Србица, Стрелци, Туин, Црвивци и Шутово.

Според податоците од Министерството за Локална самоуправа, општина Осломеј има 10.420 жители, од кои најголем дел 98,93% се Албанци, 1,06% Македонци. Општина Осломеј покрива површина од 121,09 км2.

Седиштето на општината Осломеј е во Осломеј.

Празник на општината е 17 декември - Ден на основањето на Тетовскиот државен универзитет.

Статутот на општина Осломеј ги одредува: организацијата и работењето на органите на општината, организацијата и работењето на комисиите на советот, вршењето на работите согласно начелото на супсидијарност, начинот на информирање на граѓаните и слободен пристап до информациите од јавен карактер, случаите на исклучување на јавноста од седниците на советот, начинот и постапката за доставување претставки и предлози за работата на органите на општината и постапување по нив, начинот на организирање јавни трибини, спроведување анкети и прибирање предлози од граѓаните, начинот на објавување на прописите на Советот, месната самоуправа (урбана заедница), начинот на извршување на обврските од областа на одбраната во воена состојба, начинот и постапката за утврдување на грбот и знамето на Општината како и други прашања од значење за Општината.

Со општината раководи градоначалникот Фатмир Дехари, кој со тајно гласање, на непосредни и слободни локални избори, одржани на 22 март 2009 година, по прв пат е избран на оваа функција. Неговиот мандат е 4 години.

Советот на општината е претставнички орган на граѓаните кој го сочинуваат 15 членови со мандат од 4 години. Од своите редови, членовите го избраа Газменд Балажи за претседател на Советот на општина Осломеј.



Бела листа на приоритети - Осломеј PDF Печати Е-пошта

Почитувани,

На дебатата која се одржа на 11.11.2010 во општина Осломеј беа присутни граѓани, советници, претседатели на месни заедници и претставници на РЕК Осломеј. Дебатата се одржа во ресторан "Шпенди" во село Црвевци. Истата помина во конструктивна атмосфера која произведе низа приоритети кои Советот на општина Осломеј ќе ги дебатира на седницата наменета за донесување на општинскиот буџет за следната година.


ПРИОРИТЕТИ

• Како приоритет број еден во општината Осломеј кој треба да се реши е проблемот со загадувањето предизвикано од РЕК Осломеј, т.е. пепелиштето кое се депонира над комбинатот. Претставниците на РЕК Осломеј ја објаснија методологијата за решавање на овој проблем кој би требало да заврши во рок од една година;

• Во село Жубрино да се исчисти каналот и истиот да се одржува. Селото има потреба од решавање на проблемот со улиците;

• Во село Гарани да се асфалтираат улиците;

• Со средства од Светска банка да се интервенира во селата Жубрино и Поповјани за решавање на проблемот со канализацијата и водоснабдувањето;

• Во селото Премка приоритет е решавање на фекалната канализација;

• Праксата на организирано водење на деца од општината на планина да продолжи и во наредната година со зголемување на бројот на децата;

• Општина Осломеј да превземе конкретни мерки за привлекување на инвестиции за да се намали невработеноста во општината. За таа цел, да се изврши урбанизирање на економска (индустриска) зона во општина Осломеј (кај село Црвевци);

• Реконструкција и обезбедување на парно греење во училиштата на територија на целата општина. Во село Србица да се изгради училиште со помош на донации од дијаспората. Тука е основано првото училиште на албански јазик во Македонија;

• Патот Шутово – Стрелци да се реконструира, особено во село Стрелци да се изврши асфалтирање на улиците;

• Во село Шутово во основното училиште да се обезбеди парно греење;

• Да се организира јавен превоз во општината;

• Да се изработи студија во соработка со општина Кичево за изградба на колектор и пречистителна станица за фекалната канализација.

 
Бела книга на приоритети - Осломеј PDF Печати Е-пошта

oslomej bela knigaВо рамките на проектот "Одговорна, кооперативна и транспарентна локална самоуправа", на 11.11.2010 во општина Осломеј се одржа дебата помеѓу граѓаните од општината и претставници на општинската администрација. Оваа активност од проектот се нарекува "Бела книга на приоритети" и има за цел граѓаните и претставниците на општинската администрација да дебатираат за можните решенија на проблемите кои ги засегаат граѓаните. Дебатата треба да продуцира и одредени предлози кои би влијаеле врз подобрувањето на секојдневниот живот на граѓаните.
Во исто време оваа дебата претставува механизам за директно граѓанско влијание врз креирањето на општинскиот буџет преку одредување на приоритети за наредната година кои со помош на истиот би се реализирале.
На дебатата беа присутни граѓани, советници и претседатели на месни заедници. Дебатата се одржа во ресторан Шпензи село Црвевци. Истата помина во конструктивна атмосфера која произведе низа приоритети кои Советот на општина Осломеј ќе ги дебатира на седницата наменета за донесување на општинскиот буџет за наредната година.
Приоритетите произлезени од дебатата ќе бидат испечатени и дистрибуирани до сите учесници и граѓани на општината како и до општинската администрација.

 
Газменд Балажи PDF Печати Е-пошта
Gazmend Ballazhi




Роден е на 19.01.1987 година во Скопје. Има завршено високо образование и по професија е детектив. Не е вработен и ова е негов прв мандат како член на Советот на општина Осломеј.

Член е на следните комисии:
• Комисија за финансии и локален економски развој;
• Комисија за надзор и контрола на финансиските и материјалните средства на општината;
• Комисија за реализирање на Спогодбата со РЕК "Осломеј";
• Комисија за мандатни прашања, избори и именувања.

Член е на Управниот одбор на ЈП "Хигиена", и претставник е на Општина Осломеј во Управниот одбор на ОУ "Милто Гура" Стрелци.

 

 

 

 


 

јули - декември 2010

Советот на општина Осломеј во периодот јули - декември 2010 година има одржано 3 седници на кои биле поставени вкупно 31 точки на дневниот ред, вклучувајќи ги и разгледувањата на записниците од претходно одржаните седници. 

Вкупниот број на денови во кои се одржувале седници на Советот на општина Осломеј, во овој период, е 3.

Број на присуства

3

Број на отсуства (оправдани/неоправдани)

0

0

Број на излагања

6

Гласања Г1/гласал

581

Гласања Г1/ не гласал

01

Поднесени иницијативи

0

Поднесени прашања до Градоначалникот

0

1 Податоците се нецелосни поради неможност од добиените записници да се утврди бројот на присутни/ отсутни членови на Советот во моментот на гласањето по одредени точки на седниците



 

јануари – јуни 2010

Советот на општина Осломеј во периодот јануари – јуни 2010 година има одржано 2 седници на кои биле поставени вкупно 25 точки на дневниот ред, вклучувајќи ги и разгледувањата на записниците од претходно одржаните седници.

Вкупниот број на денови во кои се одржувале седници на Советот на општина Осломеј, во овој период, е 2.

Број на присуства

2

Број на отсуства (оправдани/неоправдани)

0

0

Број на излагања

3

Гласања Г1/гласал

23*

Гласања Г1/ не гласал

0

Поднесени иницијативи

0

Поднесени прашања до Градоначалникот

0

*Во записникот од шестата седница, по точкa 13 нема податоци за гласањато, а точка 15 од истата седница се Советнички прашања по која не се гласа.

 
Шпетиме Алими PDF Печати Е-пошта
Shpetime Alimi

 

 


Родена е на 22.12.1985 година во Кичево. Има завршено високо образование - Јавна администрација. Не е вработена и ова е нејзин прв мандат како член на Советот на општина Осломеј. Зборува англиски јазик.

Член е на следните комисии:
• Комисија за финансии и локален економски развој;
• Комисија за надзор и контрола на финансиските и материјалните средства на општината;
• Комисија за еднакви можности на жените и мажите.



 

 


 

јули - декември 2010

Советот на општина Осломеј во периодот јули - декември 2010 година има одржано 3 седници на кои биле поставени вкупно 31 точки на дневниот ред, вклучувајќи ги и разгледувањата на записниците од претходно одржаните седници. 

Вкупниот број на денови во кои се одржувале седници на Советот на општина Осломеј, во овој период, е 3.

Број на присуства

3

Број на отсуства (оправдани/неоправдани)

0

0

Број на излагања

0

Гласања Г1/гласал

581

Гласања Г1/ не гласал

01

Поднесени иницијативи

0

Поднесени прашања до Градоначалникот

0

1 Податоците се нецелосни поради неможност од добиените записници да се утврди бројот на присутни/ отсутни членови на Советот во моментот на гласањето по одредени точки на седниците



 

јануари – јуни 2010

Советот на општина Осломеј во периодот јануари – јуни 2010 година има одржано 2 седници на кои биле поставени вкупно 25 точки на дневниот ред, вклучувајќи ги и разгледувањата на записниците од претходно одржаните седници.

Вкупниот број на денови во кои се одржувале седници на Советот на општина Осломеј, во овој период, е 2.

Број на присуства

2

Број на отсуства (оправдани/неоправдани)

0

0

Број на излагања

0

Гласања Г1/гласал

23*

Гласања Г1/ не гласал

0

Поднесени иницијативи

0

Поднесени прашања до Градоначалникот

0

*Во записникот од шестата седница, по точкa 13 нема податоци за гласањато, а точка 15 од истата седница се Советнички прашања по која не се гласа.

 
Фадил Емини PDF Печати Е-пошта
Fadil Emini




Роден е на 30.07.1980 година. Има завршено високо образование и е инженер по физика. Не е вработен и ова е негов прв мандат како член на Советот на општина Осломеј.

Член е на следните комисии:
• Комисија за комунални дејности и сообраќај;
• Комисија за односи меѓу заедниците.

Член е на Одборот за заштита на потрошувачите.



 

 

 


 

јули - декември 2010

Советот на општина Осломеј во периодот јули - декември 2010 година има одржано 3 седници на кои биле поставени вкупно 31 точки на дневниот ред, вклучувајќи ги и разгледувањата на записниците од претходно одржаните седници. 

Вкупниот број на денови во кои се одржувале седници на Советот на општина Осломеј, во овој период, е 3.

Број на присуства

3

Број на отсуства (оправдани/неоправдани)

0

0

Број на излагања

1

Гласања Г1/гласал

581

Гласања Г1/ не гласал

01

Поднесени иницијативи

0

Поднесени прашања до Градоначалникот

0

1 Податоците се нецелосни поради неможност од добиените записници да се утврди бројот на присутни/ отсутни членови на Советот во моментот на гласањето по одредени точки на седниците



 

јануари – јуни 2010

Советот на општина Осломеј во периодот јануари – јуни 2010 година има одржано 2 седници на кои биле поставени вкупно 25 точки на дневниот ред, вклучувајќи ги и разгледувањата на записниците од претходно одржаните седници.

Вкупниот број на денови во кои се одржувале седници на Советот на општина Осломеј, во овој период, е 2.

Број на присуства

2

Број на отсуства (оправдани/неоправдани)

0

0

Број на излагања

0

Гласања Г1/гласал

23*

Гласања Г1/ не гласал

0

Поднесени иницијативи

0

Поднесени прашања до Градоначалникот

0

*Во записникот од шестата седница, по точкa 13 нема податоци за гласањато, а точка 15 од истата седница се Советнички прашања по која не се гласа.

 


Страница 1 од 5