Мојот советник

Македонски (Macedonian)Albanian-ALTurkish (Turkiye)
Дебарца

За општина Дебарца, Советот и членовите на Советот

Општина Дебарца е единица на локалната самоуправа во која граѓаните го остваруваат своето уставно загарантирано право на локална самоуправа. Нејзините надлежности произлегуваат од Уставот на Република Македонија, Законот за локална самоуправа, како и од други закони.

Територијата на општина Дебарца ги опфаќа следниве населени места: Арбиново, Белчишта, Ботун, Брежани, Велмеј, Врбјани, Годивје, Горенци, Горно Средоречие, Грко Поле, Долно Средоречие, Злести, Издеглавје, Климештани, Лактиње, Лешани, Мешеишта, Мраморец, Ново Село, Оздолени, Оровник, Песочани, Слатино, Слатински Чифлик, Сливово, Сошани, Требеништа, Турје и Црвена Вода.

Според податоците од ЗЕЛС, општина Дебарца има 5.507 жители, од кои најголемиот дел 96.68% се Македонци, 2.78% се Албанци, 0.04% се Турци. Општина Дебарца покрива површина од 425,39 км2

Седиштето на општината Дебарца е во селото Белчишта.

Празник на општината е 3 октомври - денот на објавувањето на манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ во село Црвена Вода во 1943 година.

Статутот на општина Дебарца ги одредува: организацијата и работењето на органите на општината, организацијата и работењето на комисиите на Советот, надлежностите според Законот за локална самоуправа, начинот на информирање на граѓаните, случаите на исклучување на јавноста од седниците на Советот, начинот и постапката за доставување претставки и предлози за работата на органите на општината и постапување по нив, начинот на организирање јавни трибини, спроведување анкети и прибирање предлози од граѓаните, начинот на извршување на обврските од областа на одбраната во воена состојба, како и други прашања од значење за локалната самоуправа.

Со општината раководи градоначалникот, Љупчо Којчиноски, кој со тајно гласање, на непосредни и слободни локални избори, одржани на 22 март 2009 година, по четврти пат е избран на оваа функција. Неговиот мандат е 4 години.

Советот на општината е претставнички орган на граѓаните кој го сочинуваат 11 членови со мандат од 4 години. Од своите редови, членовите го избраа Томе Тутурески за претседател на Советот на општина Дебарца.

Овој состав на Советот на општина Дебарца е избран на непосредни и слободни локални избори, со тајно гласање, одржани на 22 март 2009 година. Членовите на советот се избрани врз основа на пропорционален модел, со затворена листа на кандидати, (што значи се гласа за листа, а не за еден кандидат) во времетраење од четири години. Пресметувањето на мандатите од кандидатските листи се врши по Донтовиот модел.

Организацијата и работата на Советот на општина Дебарца и комисиите се определени со Деловникот на Советот на општина Дебарца.

Права и должности на членовите на Советот според Деловникот

  • Членовите на Советот имаат право и должност да присуствуваат на седниците на Советот и неговите комисии каде што членуваат и да учествуваат во работата и одлучувањето;
  • Членовите на Советот кои се спречени да присуствуваат на седниците на Советот се должни навремено да го известат Претседателот на Советот. За присуството на членовите на Советот на седници се води евиденционен лист од страна на овластен државен службеник од општинската администрација);
  • Членовите на Советот имаат право да даваат иницијативи и предлози до Градоначалникот за разрешување на актуелни состојби кои се во надлежност на Општината;
  • Членовите на Советот имаат право да поставуваат прашања до Градоначалникот на општината од негова надлежност;
  • Членовите на Советот имаат право на надоместок за присуство на седници и надоместок за патни и дневни трошоци во рамките на Законот;
  • Членовите на Советот имаат право да бидат информирани за работата на Советот и телата на Советот;
  • Членовите на Советот имаат право да побараат стручна помош од општинската администрација;
  • Членовите на Советот имаат право да побараат податоци од јавните служби, установи и претпријатија кои се основани од страна на Советот;
  • Членовите на Советот имаат право да го разрешат претседателот на Советот;
  • Членовите на Советот се должни да чуваат државна, службена и деловна тајна;

Мандатот на членовите на Советот престанува или може да им биде одземен само во случаите утврдени со Законот за локална самоуправа:

  • ако поднесе оставка;
  • во случај на смрт;
  • ако е осуден со правосилна пресуда за кривично дело на казна затвор во траење од над шест месеци;
  • ако настапи случај на неспојливост со функцијата член на Советот согласно со Законот за локалните избори;
  • ако со правосилно решение биде лишен од деловна способност и
  • ако престане да биде жител на општината.


Во текот на својот мандат ...

...Членовите на Советот може да се сретнат со граѓаните, со претставници и членови на граѓански организации, со претставници на медиумите, може да одговараат на пораки и телефонски јавувања, да ги подготват своите материјали и излагања за седниците на Советот и работните тела.

Работни тела на Советот на општина Дебарца

Советот на општина Дебарца формира комисии за претресување на прашања од надлежност на Советот. Комисиите расправаат за прашања од областа за која се формирани, даваат мислења и предлози до Советот и ги разгледуваат предлозите на Градоначалникот, членовите на Советот и иницијативите на граѓаните.

Според Статутот на општина Дебарца комисиите на Советот се формираат како постојани и повремени. Комисиите се составени од три члена од Советот на општината.
Повремените комисии се формираат по потреба. Составот и времетраењето на мандатот на повремените комисии се определува со Одлуката за нивното формирање.

Како постојани комисии на Советот се формирани:

  • Комисија за финансирање, Буџет и локален економски развој;
  • Комисија за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина;
  • Комисија за општествени дејности;
  • Комисија за Статут и прописи;
  • Комисија за мандатни прашања, избори и именувања;
  • Комисија за земјоделие и сточарство;
  • Комисија за месна самоуправа, одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија.

Мандатот на постојаните комисии е ист со мандатот на членовите на Советот.

Како повремени комисии на Советот се формирани:

  • Комисија за брак и семејство;
  • Комисија за еднакви права меѓу мажите и жените.

Исто така, Советот на општина Дебарца може да формира и Совет за заштита на потрошувачите во кој не членуваат членовите на советот. Ова тело е составено од пет члена од кои два члена се избираат од редот на правните лица и три члена од редот на физичките лица, како корисници на услугите што ги даваат јавните служби.

Според Законот за локална самоуправа, седници на Советот се свикуваат по потреба но најмалку еднаш на три месеци.

Советот на општина Дебарца во периодот јануари – јуни 2010 година има одржано 5 седници на кои биле поставени вкупно 45 точки на дневниот ред, вклучувајќи ги и разгледувањата на записниците од претходно одржаните седници.

Вкупниот број на денови во кои се одржувале седници на Советот на општина Дебарца, во овој период, е 5.



Прифатени иницијативи и идеи од Белата листа на приоритети во Општина Дебарца PDF Печати Е-пошта

Според расположливите податоци наведени во Белата листа на приоритети на Општина Дебарца и во Планот за јавни набавки на Општина Дебарца за 2011 година, може да се констатира дека во Планот за јавни набавки за 2011 година се опфатени следните приоритети наведени од учесниците на дебатата одржана на 02.12.2010 година:


• Асфалтирање на патиштата во селата во Горна Дебарца

За реализација на овој приоритет во планот за јавни набавки може да се идентификуваат повеќе постапки кои треба да се спроведат во 2011 година, меѓу кои:

III. Договори и рамковни спогодби за јавни набавки на работи

 

Очекуван почеток на постапката (месец)

Проценета вредност на договорот/ рамковната спогодба без ДДВ (денари)

 

Вид на постапка

Изградба и реконструкција на општински патишта и улици

 

Јули 2011

 

4.500.000,00

 

Отворена постапка

 


• Решавање на водоснабдувањето, водоводот, канализацијата и чистење на каналите во с. Издеглавје со помош на средства од Владата, странски фондови и самопомош на жителите,
• Решавање на водоводот во с. Велмеј.

За реализација на овие приоритети во планот за јавни набавки може да се идентификуваат повеќе постапки кои треба да се спроведат во 2011 година, меѓу кои:

 

II. Договори и рамковни спогодби за јавни набавки на услуги

 

Очекуван почеток на постапката (месец)

Проценета вредност на договорот/ рамковната спогодба без ДДВ (денари)

 

Вид на постапка

Изработка и ревизија на проекти за изградба и реконструкција на објекти за водоснабдување

Јуни 2011

300.000,00

Барање за прибирање понуди без огласување

Изработка и ревизија на проекти за изградба и реконструкција на објекти за одведување на отпадни води

Септември 2011

300.000,00

Барање за прибирање понуди без огласување

III. Договори и рамковни спогодби за јавни набавки на работи

Очекуван почеток на постапката (месец)

Проценета вредност на договорот/ рамковната спогодба без ДДВ (денари)

Вид на постапка

Изградба на резервоар за водоснабдување на село Издеглавје

Јуни 2011

3.300.000,00

Отворена постапка

Реконструкција на водоводен систем во село Велмеј

Јуни 2011

6.370.000,00

Отворена постапка

 



• Изградба на спортски терени (игралишта) во Требеништа, Оровник и Белчишта преку проект на USAID

За реализација на овој приоритет во планот за јавни набавки може да се идентификуваат повеќе постапки кои треба да се спроведат во 2011 година, меѓу кои:

 

II. Договори и рамковни спогодби за јавни набавки на услуги

Очекуван почеток на постапката (месец)

Проценета вредност на договорот/ рамковната спогодба без ДДВ (денари)

Вид на постапка

Изработка и ревизија на проекти за изградба на спортски терени

Септември 2011

100.000,00

Барање за прибирање понуди без огласување

III. Договори и рамковни спогодби за јавни набавки на работи

Очекуван почеток на постапката (месец)

Проценета вредност на договорот/ рамковната спогодба без ДДВ (денари)

Вид на постапка

Изградба и реконструкција на спортски терени во Општината

Јуни 2011

300.000,00

Барање за прибирање понуди без огласување

 


• Санирање на ударните дупки на патниот правец Арбиново – Починка како и на приклучните патишта

За реализација на овој приоритет во планот за јавни набавки може да се идентификуваат повеќе постапки кои треба да се спроведат во 2011 година, меѓу кои:

III. Договори и рамковни спогодби за јавни набавки на работи

Очекуван почеток на постапката (месец)

Проценета вредност на договорот/ рамковната спогодба без ДДВ (денари)

Вид на постапка

Изградба и реконструкција на општински патишта и улици

Јули 2011

4.500.000,00

Отворена постапка

 


• Одржување на јавната чистота и редовно отстранување на снегот од патните правци кои минуваат низ општината

За реализација на овој приоритет во планот за јавни набавки може да се идентификуваат повеќе постапки кои треба да се спроведат во 2011 година, меѓу кои:

III. Договори и рамковни спогодби за јавни набавки на работи

Очекуван почеток на постапката (месец)

Проценета вредност на договорот/ рамковната спогодба без ДДВ (денари)

Вид на постапка

Зимско одржување на општинските патишта и улици во зимската сезона 2010/2011 година

Октомври

1.200.000,00

Барање за прибирање понуди без огласување

 


Општина Дебарца согласно законската регулатива, може да изврши измени и дополнувања на Буџетот и Планот за јавните набавки за 2011 година и со тоа се отвора можност останатите приоритети од Белата листа кои не се опфатени, да бидат дополнително опфатени и реализирани во 2011 година.

 

 

 

 

 

 
Бела листа на приоритети - Дебарца PDF Печати Е-пошта

Почитувани,

На дебатата која се одржа на 02.12.2010 во општина Дебарца беа присутни граѓани, Градоначалникот, секретарот на општината, советници и претседатели на месни заедници. Дебатата се одржа во зградата на основното училиште "Дебарца" во с. Белчишта. Истата помина во конструктивна атмосфера која произведе низа приоритети кои Советот на општина Дебарца ќе ги дебатира на седницата наменета за донесување на општинскиот буџет за следната година.

 

ПРИОРИТЕТИ

• Асфалтирање на патиштата во селата во Горна Дебарца;

• Помош од општината при посредување за покривање на Горна Дебарца со сигнал од А1 телевизија;

• Решавање на водоснабдувањето, водоводот, канализацијата и чистење на каналите во с. Издеглавје со помош на средства од Владата, странски фондови и самопомош на жителите,

• Санирање на ударните дупки на патниот правец Арбиново – Починка како и на приклучните патишта;

• Реновирање на салата за состаноци во с. Злести;

• Превземање на конкретни мерки од страна на општината за привлекување на инвестиции преку откажување од приходите кои и следуваат. За следната година се потврдени следните инвестиции: изградба на 3 мини хидроцентрали и отворање на свињарска фарма и кланица;

• Решавање на водоводот во с. Велмеј;

• Изградба на спортски терени (игралишта) во селата Требеништа, Оровник и Белчишта преку проект на USAID;

• Општина Дебарца да обезбеди техничка помош при изработка на документација за формирање на водни заедници од страна на жителите на општината;

• Одржување на јавната чистота и редовно отстранување на снегот од патните правци низ општината;

• Поголема активност на општината во однос на обезбедување на финансиска помош од странство преку проекти и кредитни линии.

 
Бела книга на приоритети – Дебарца PDF Печати Е-пошта

BelaKnigaDebarcaВо рамките на проектот "Одговорна, кооперативна и транспарентна локална самоуправа", на 02.12.2010 во општина Дебарца се одржа дебата помеѓу граѓаните од општината и претставници на општинската администрација. Оваа активност од проектот се нарекува "Бела книга на приоритети" и има за цел граѓаните и претставниците на општинската администрација да дебатираат за можните решенија на проблемите кои ги засегаат граѓаните. Дебатата треба да продуцира и одредени предлози кои би влијаеле врз подобрувањето на секојдневниот живот на граѓаните.
Во исто време оваа дебата претставува механизам за директно граѓанско влијание врз креирањето на општинскиот буџет преку одредување на приоритети за наредната година кои со помош на истиот би се реализирале.
На дебатата беа присутни граѓани, градоначалникот на општината, секретарот на општината, советници и претседатели на месни заедници. Дебатата се одржа во зградата на основното училиште "Дебарца" во с. Белчишта. Истата помина во конструктивна атмосфера која произведе низа приоритети кои Советот на општина Дебарца ќе ги дебатира на седницата наменета за BelaKnigaDebarca1донесување на општинскиот буџет за наредната година.
Приоритетите произлезени од дебатата ќе бидат испечатени и дистрибуирани до сите учесници и граѓани на општината како и до општинската администрација.




 
Целе Качароски PDF Печати Е-пошта
Cele Kacaroski

 



Роден е на 14.03.1959 година. Има завршено средно образование и по професија е автомеханичар. Не е вработен.
Ова е негов петти мандат како член на Советот на општина Дебарца.

Член е на следните комисии:
• Комисија за општествени дејности;
• Комисија за земјоделие и сточарство.

 

 

 

 


јули - декември 2010

Советот на општина Дебарца во периодот јули - декември 2010 година има одржано 7 седници на кои биле поставени вкупно 69 точки на дневниот ред, вклучувајќи ги и разгледувањата на записниците од претходно одржаните седници.

Вкупниот број на денови во кои се одржувале седници на Советот на општина Дебарца, во овој период, е 7.

Број на присуства

7

Број на отсуства (оправдани/неоправдани)

0

0

Број на излагања

5

Гласања Г1/гласал

67

Гласања Г1/ не гласал

0

Поднесени иницијативи

0

Поднесени прашања до Градоначалникот

0

 

 



јануари – јуни 2010

Советот на општина Дебарца во периодот јануари – јуни 2010 година има одржано 5 седници на кои биле поставени вкупно 45 точки на дневниот ред, вклучувајќи ги и разгледувањата на записниците од претходно одржаните седници.

Вкупниот број на денови во кои се одржувале седници на Советот на општина Дебарца, во овој период е 5

 

Број на присуства

5

Број на отсуства (оправдани/неоправдани)

0

0

Број на излагања

7

Гласања Г1/гласал

45

Гласања Г1/ не гласал

0

Поднесени иницијативи

0

Поднесени прашања до Градоначалникот

0

 
Томе Тутурески PDF Печати Е-пошта
Tome Tutureski




Роден е на 01.02.1970 година во Ст. Леонардс, Австралија. Има завршено средно образование. Сопственик е на приватна фирма "Тутуре комерц". Ова е негов прв мандат како член на Советот на општина Дебарца. Зборува англиски јазик.

Член е на следните комисии:
• Комисија за месна самоуправа, одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија;
• Комисија за финансирање, буџет и локален економски развој.







 


јули - декември 2010

Советот на општина Дебарца во периодот јули - декември 2010 година има одржано 7 седници на кои биле поставени вкупно 69 точки на дневниот ред, вклучувајќи ги и разгледувањата на записниците од претходно одржаните седници.

Вкупниот број на денови во кои се одржувале седници на Советот на општина Дебарца, во овој период, е 7.

Број на присуства

7

Број на отсуства (оправдани/неоправдани)

0

0

Број на излагања

2

Гласања Г1/гласал

67

Гласања Г1/ не гласал

0

Поднесени иницијативи

0

Поднесени прашања до Градоначалникот

0

 

 



јануари – јуни 2010



Советот на општина Дебарца во периодот јануари – јуни 2010 година има одржано 5 седници на кои биле поставени вкупно 45 точки на дневниот ред, вклучувајќи ги и разгледувањата на записниците од претходно одржаните седници.

Вкупниот број на денови во кои се одржувале седници на Советот на општина Дебарца, во овој период е 5

Број на присуства

5

Број на отсуства (оправдани/неоправдани)

0

0

Број на излагања

6

Гласања Г1/гласал

45

Гласања Г1/ не гласал

0

Поднесени иницијативи

0

Поднесени прашања до Градоначалникот

0

 


Страница 1 од 4