Мојот советник

Македонски (Macedonian)Albanian-ALTurkish (Turkiye)
PDF Печати Е-пошта

Целта на оваа програма е да се зголеми учеството на граѓаните во процесите на креирање политики и донесување одлуки на локално ниво, како и да ја подобри одговорноста, транспарентноста и кооперативноста на Единиците на локалната самоуправа (ЕЛС).

Програмата обезбедува зголемена информираност на граѓаните, граѓанските организации и бизнис заедницата за нивно влијание и учество во процесите на креирање политики и донесување одлуки на локално ниво, како и зголемена информираност на општинската администрација за предностите од вклучувањето на граѓаните во овие процеси. Исто така, програмата обезбедува проток на информации за работата на советите на ЕЛС до граѓаните со цел да се зголеми транспарентноста на процесот на креирање политики и донесување одлуки на локално ниво.

Мојот советник 2: Стандарди за одржливост на одговорноста, транспарентноста и кооперативноста на Локална самоуправа–Втората фаза од оваа програма е спроведена во сите 85 ЕЛС во периодот јануари 2011 до март 2012. Предмет на набљудување беа усвоените записници од седниците на советите одржани во периодот декември 2010 – декември 2011, при што е извршена анализа на достапноста на записниците од седниците на советите на ЕЛС до граѓаните и успешноста во употребата на стандардите за водење на записници од седниците на советите на ЕЛС. Во анализата се обработени податоците од седниците кои се доставени до МОСТ заклучно со 31 март 2012.  На крајот од проектот објавен е ИЗВЕШТАЈ во кој се содржани резултатите од набљудувањето и анализата. Анализата на добиените 982 официјални записника покажа технички и суштински разлики во начинот на употребата на стандардите за водење на записник од седници на совет. Поради овие причини, Граѓанската асоцијација МОСТ во соработка со Заедницата на Единиците на Локалната Самоуправа (ЗЕЛС), изработи Прирачник за употреба на стандардите за водење на записник од седници на Совет на ЕЛС. Овој прирачник има за цел да придонесе кон унифицирање на записниците на ниво на сите ЕЛС во Република Македонија.
 

Мојот советник 1: Одговорност, транспарентност и кооперативност на Локалната самоуправа – Првата фаза од оваа програма е спроведена во периодот Февруари 2010 – Јануари 2011. Активностите во овој период беа спроведени во 6 ЕЛС, избрани според  однапред утврдени критериуми. Во текот на целиот проект, вкупно 68 записници од одржани седници на советите на 6-те ЕЛС и 183 процедури на јавни набавки беа анализирани, а резултатите беа објавени.  Полугодишни извештаи со податоци за резултатите од набљудувањето на  општините вклучени во проектот беа дистрибуирани до сите засегнати страни во 6-те ЕЛС. Во текот на оваа фаза развиен е “Водич за граѓанско учество во процесите на креирање политики и донесување на одлуки на локално ниво”, и истиот е дистрибуиран до граѓаните и општинската администрација на целата територија на државата. Исто така,  во секоја од општините опфатени со проектот, беа организирани јавни дебати на кои учествуваа претставници на општините, граѓаните, граѓанските организации и бизнис заедницата со цел да се одредат приоритетите и проблемите кои би требало да се решат со буџетот на општините за наредната година. Од вкупно 65 приоритети, 20 беа вклучени во буџетите за 2011 година во 6те општини.